превземено од www . p r a v o . o r g . mk
Во Законот за заштита на топографијата на интегралните кола („Службен весник на
Република Македонија“ брoj 5/98 и 33/2006 и 136/11), членот 6 се менува и гласи: “Во управната постапка што се однесува на заштитата на топографијата во прв степен Заводот донесува решение.
Против решението од ставот 1 на овој член, барателот има право на жалба во рок од
15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.”.
Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати.
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија”.
1