عن الملكية الفكرية التدريب في مجال الملكية الفكرية إذكاء الاحترام للملكية الفكرية التوعية بالملكية الفكرية الملكية الفكرية لفائدة… الملكية الفكرية و… الملكية الفكرية في… معلومات البراءات والتكنولوجيا معلومات العلامات التجارية معلومات التصاميم معلومات المؤشرات الجغرافية معلومات الأصناف النباتية (الأوبوف) القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية مراجع الملكية الفكرية تقارير الملكية الفكرية حماية البراءات حماية العلامات التجارية حماية التصاميم حماية المؤشرات الجغرافية حماية الأصناف النباتية (الأوبوف) تسوية المنازعات المتعلقة بالملكية الفكرية حلول الأعمال التجارية لمكاتب الملكية الفكرية دفع ثمن خدمات الملكية الفكرية هيئات صنع القرار والتفاوض التعاون التنموي دعم الابتكار الشراكات بين القطاعين العام والخاص أدوات وخدمات الذكاء الاصطناعي المنظمة العمل في الويبو المساءلة البراءات العلامات التجارية التصاميم المؤشرات الجغرافية حق المؤلف الأسرار التجارية مستقبل الملكية الفكرية أكاديمية الويبو الندوات وحلقات العمل إنفاذ الملكية الفكرية WIPO ALERT إذكاء الوعي اليوم العالمي للملكية الفكرية مجلة الويبو دراسات حالة وقصص ناجحة في مجال الملكية الفكرية أخبار الملكية الفكرية جوائز الويبو الأعمال الجامعات الشعوب الأصلية الأجهزة القضائية الشباب الفاحصون الأنظمة الإيكولوجية للابتكار الاقتصاد التمويل الأصول غير الملموسة المساواة بين الجنسين الصحة العالمية تغير المناخ سياسة المنافسة أهداف التنمية المستدامة الموارد الوراثية والمعارف التقليدية وأشكال التعبير الثقافي التقليدي التكنولوجيات الحدودية التطبيقات المحمولة الرياضة السياحة الموسيقى الأزياء ركن البراءات تحليلات البراءات التصنيف الدولي للبراءات أَردي – البحث لأغراض الابتكار أَسبي – معلومات متخصصة بشأن البراءات قاعدة البيانات العالمية للعلامات مرصد مدريد قاعدة بيانات المادة 6(ثالثاً) تصنيف نيس تصنيف فيينا قاعدة البيانات العالمية للتصاميم نشرة التصاميم الدولية قاعدة بيانات Hague Express تصنيف لوكارنو قاعدة بيانات Lisbon Express قاعدة البيانات العالمية للعلامات الخاصة بالمؤشرات الجغرافية قاعدة بيانات الأصناف النباتية (PLUTO) قاعدة بيانات الأجناس والأنواع (GENIE) المعاهدات التي تديرها الويبو ويبو لكس - القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية معايير الويبو إحصاءات الملكية الفكرية ويبو بورل (المصطلحات) منشورات الويبو البيانات القطرية الخاصة بالملكية الفكرية مركز الويبو للمعارف أبرز الاستثمارات غير الملموسة في العالم الاتجاهات التكنولوجية للويبو مؤشر الابتكار العالمي التقرير العالمي للملكية الفكرية معاهدة التعاون بشأن البراءات – نظام البراءات الدولي ePCT بودابست – نظام الإيداع الدولي للكائنات الدقيقة مدريد – النظام الدولي للعلامات التجارية eMadrid الحماية بموجب المادة 6(ثالثاً) (الشعارات الشرفية، الأعلام، شعارات الدول) لاهاي – النظام الدولي للتصاميم eHague لشبونة – النظام الدولي لتسميات المنشأ والمؤشرات الجغرافية eLisbon UPOV PRISMA الوساطة التحكيم قرارات الخبراء المنازعات المتعلقة بأسماء الحقول نظام النفاذ المركزي إلى نتائج البحث والفحص (CASE) خدمة النفاذ الرقمي (DAS) WIPO Pay الحساب الجاري لدى الويبو جمعيات الويبو اللجان الدائمة الجدول الزمني للاجتماعات WIPO Webcast وثائق الويبو الرسمية أجندة التنمية المساعدة التقنية مؤسسات التدريب في مجال الملكية الفكرية صندوق إعادة البناء الاستراتيجيات الوطنية للملكية الفكرية المساعدة في مجالي السياسة والتشريع محور التعاون مراكز دعم التكنولوجيا والابتكار نقل التكنولوجيا برنامج مساعدة المخترعين WIPO GREEN WIPO's PAT-INFORMED اتحاد الكتب الميسّرة اتحاد الويبو للمبدعين WIPO Translate أداة تحويل الكلام إلى نص مساعد التصنيف الدول الأعضاء المراقبون المدير العام الأنشطة بحسب كل وحدة المكاتب الخارجية مناصب الموظفين مناصب الموظفين المنتسبين المشتريات النتائج والميزانية التقارير المالية الرقابة
Arabic English Spanish French Russian Chinese
القوانين المعاهدات الأحكام التصفح بحسب الاختصاص القضائي

Law on the Breeder’s Rights (amended up to June 1, 2021)، مقدونيا الشمالية

عودة للخلف
أحدث إصدار في ويبو لِكس
التفاصيل التفاصيل سنة الإصدار 2021 تواريخ نص معدّل حتى : 1 يونيو 2021 نص منشور : 21 أبريل 2009 نص معمّم : 16 أبريل 2009 نوع النص قوانين الملكية الفكرية الرئيسية الموضوع حماية الأصناف النباتية الموضوع (فرعي) الأسماء التجارية، العلامات التجارية

المواد المتاحة

النصوص الرئيسية النصوص ذات الصلة
النصوص الرئيسية النصوص الرئيسية بالمقدونية Закон за правата на одгледувачите (изменет до 1 јуни 2021 година)        
open_in_new افتح ملف PDF
 
Закон за правата на одгледувачите (изменет до 1 јуни 2021 година)
ЗАКОН ЗА СЕЛЕКЦИОНЕРСКИ ПРАВА

ЗАКОН ЗА СЕЛЕКЦИОНЕРСКИ ПРАВА

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/09 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 122/21)

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Предмет на уредување

Член 1

Co овој закон се уредуваат постапката, начинот и условите за доделување, заштита и престанок на селекционерско право.

Цел на Законот

Член 2

Целта на овој закон е доделување и заштита на селекционерско право.

Национална постапка

Член 3

Државјаните на членка на УПОВ, или договорни страни на меѓународен договор, чијашто страна е Република Северна Македонија, како и домашни и странски физички лица кои се резиденти и правни лица што имаат регистрирани седишта во рамките на територијата на членка на УПОВ, уживаат еднаков третман во поглед на доделувањето и заштитата на селекционерското право на територијата на Република Северна Македонија со нејзините државјани во согласност со овој закон.

Дефиниции

Член 4

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1.“Селекционер” е

- лице кое создава, одгледува и оддржува сорта,

-лицето кое е работодавач на лицето од алинејата 1 на оваа точка или што му ја доделило работата нему или

-законски наследник на лицата од алинеите 1и 2 на оваа точка;

2.“Подносител на пријавата” е физичко или правно лице кое има право да поднесе пријава за добивање на селекционерско право согласно со дефиницијата за “селекционер” утврдена во овој закон;

3.“Селекционерско право” е право на селекционерот предвидено со овој закон;

4.“Сорта” е група растенија во рамките на единствена ботаничка класификација на растенија од најнизок познат ранг чиешто групирање, без оглед на тоа дали условите за доделување на селекционерско право се целосно исполнети и:

- е дефинирана од особините кои произлегуваат од дадениот генотип или комбинација на генотипови,

- се разликува од која било друга група на растенија најмалку по едно од споменатите својства и

- претставува истородна група што се однесува на нејзината можност за размножување без промени;

5.“УПОВ” е Меѓународна организација за заштита на нови сорти на растенија, основана со Меѓународна конвенција за заштита на нови сорти растенија и

6.“Член на УПОВ” е државна институција или договорна страна на Меѓународната конвенција за заштита на нови сорти растенија.

II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ HA СЕЛЕКЦИОНЕРСКО ПРАВО

Услови на заштита

Член 5

(1)Селекционерско право се доделува кога сортата е:

1)нова;

2)различна;

3)еднообразна и

4)стабилна.

(2) Доделувањето на селекционерско право не може да биде предмет на какви било дополнителни или поинакви услови, доколку на сортата и е дадено име во согласност со одредбите од членот 22 на овој закон и доколку подносителот на пријавата ги исполнил условите предвидени во овој закон и ги платил потребните трошоци.

Нова сорта

Член 6

(1) Сортата се смета за нова од датумот на поднесување на пријавата за доделување на селекционерско право, доколку репродуктивниот или одгледуваниот материјал на таа сорта не е продаден или на друг начин не е откриен пред трети лица, со или без согласност на селекционерот, заради одгледување на сортата:

-на територијата на Република Северна Македонија не подолго од една година од датумот на поднесување на пријавата и

-на територија надвор од територијата на Република Северна Македонија, не подолго од четири години, а за винова лоза и дрвја не подолго од шест години од датумот на поднесување на пријавата.

(2)Сортата од ставот (1) на овој член се смета за нова иако е отуѓена на еден од следниве начини:

1)продажба или нејзино отуѓување на трети лица со договор за пренос на селекционерско право на законски наследник;

2)продажба или нејзино отуѓување на трети лица со договор каде што лицето размножува репродуктивен материјал на сортата во име на селекционерот каде што во договорот стои дека размножениот материјал останува во сопственост на селекционерот и размножениот материјал не се користи за производство на друга сорта;

3)опити врз сортата што не вклучува нејзина продажба или отуѓување на трети лица заради искористување на сортата;

4)продажба или нејзино отуѓување на трети лица со договор според којшто лицето врши тестирање во поле или лабораториски тестирања, или мали опити, со цел за оценување на сортата и

5)продажба или нејзино отуѓување на трети лица поради законска или административна обврска каде што особено се однесува на биолошката сигурност или внесување на сортата во регистар на сорти кои може да бидат предмет на тргување.

(3)Bo случај кога, согласно со членот 10 од овој закон, се применува на родови и видови за кои претходно не важел, сортата која му припаѓа на таков растителен род или вид се смета дека ги исполнуваат условите за нова сорта дефинирани во ставот (1) на овој член дури и кога нејзината продажба или отуѓување на трети лица согласно со ставот (1) на овој член ќе се случи на територијата на Република Северна Македонија во текот на четири години од датумот на поднесување на пријавата или шест години за винова лоза и дрвја.

(4)Одредбата од членот 6 став (3) на овој закон важи само за пријави за заштита на селекционерското право поднесени најдоцна во рок од една година од денот на пријавувањето, откако одредбите од овој закон за односните родови и видови ќе почнат да се применуваат.

Различност

Член 7

Сортата се смета за различна ако јасно се разликува од која било друга сорта чиешто постоење е општо познато во времето на поднесување на пријавата. При поднесувањето на пријава за доделување на селекционерско право или за запишување на некоја сорта во регистар на сорти, во која било земја, таа сорта се смета за општо позната почнувајќи од датумот на поднесувањето на пријавата, доколку врз основа на таа пријава е доделено селекционерско право, односно ако е одобрен упис на таа сорта во регистар на сорти.

Еднообразност

Член 8

Сортата ќе се смета за еднообразна доколку остане доволно еднообразна во нејзините суштински својства и покрај промените што може да се очекуваат од начинот на нејзиното размножување.

Стабилност

Член 9

Сортата ќе се смета за стабилна доколку нејзините суштински својства остануваат непроменети и после повторено размножување или во случај на посебен циклус на одгледување на крајот на секојод тие циклуси.

Родови и видови кои треба да се заштитат

Член 10

(1)Одредбите од овој закон ќе се применуваат за најмалку 15 растителни родови и видови кои ќе ги утврди со листа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на родови и видови кои се од економски интерес за Република Северна Македонија, а на предлог на комисија составена од компетентни лица од областа на растителното производство.

(2)Составот и начинот на работа на комисијата од ставот (1) на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

III. ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ HA СЕЛЕКЦИОНЕРСКО ПРАВО

Поднесување на пријава

Член 11

(1)Селекционерот поднесува пријава за доделување на селекционерското право до Управата за семе и саден материјал.

(2)За датум на поднесување на пријавата за доделување селекционерско право ке се смета датумот на приемот на пријавата, утврдена согласно со прописот од ставот (3) на овој член.

(3)При поднесување на пријавата селекционерот плаќа трошоци за доделување на селекционерското право во висина на стварно направените трошоци потребни за нејзино поднесување.

(4)Формата, содржината и постапката на поднесување на пријавата, како и висината на трошоците за доделување на селекционерското право ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на првенство

Член 12

(1)Секој селекционер кој правилно и навремено ја поднел пријавата за доделување на селекционерско право во една од членките на УПОВ (прва пријава) со цел за поднесување на пријава за доделување на селекционерско право за истата сорта до Управата за семе и саден материјал (следна пријава), ќе има право на првенство за максимален период од 12 месеца, сметано од наредниот ден на поднесување на првата пријава.

(2)Co цел за искористување на правото на првенство, селекционерот во следната пријава во Република Северна Македонија ќе може даго бара правото на првенство врз основа на првата пријава. Управата за семе и саден материјал ќе бара од селекционерот во период од три месеца од датумот на поднесувањето на пријавата, да обезбеди копија од документите кои ја сочинуваат првата пријава, заверена како верна копија од страна на овластената институција во која е поднесена пријавата и мостри или други докази дека сортата што е предмет на двете пријави е истата сорта.

(3)Ha селекционерот ќе му биде дозволен период од две години, по истекот на периодот на право на првенство или во случај кога првата пријава е одбиена или повлечена, во период од една година, да ги обезбеди до Управата за семе и саден материјал сите неопходни податоци, документи или материјал за испитување, според членот 13 од овој закон.

Проверка на пријавата

Член 13

(1)За секоја одлука за доделување на селекционерско право е потребна проверка за усогласеноста со условите утврдени во членовите од 5 до 9 на овој закон. Co цел да се изврши проверка на пријавата, Управата за семе и саден материјал може да ја одгледува сортата или да изврши други потребни тестови, да предизвика одгледувањето на сортата и извршувањето на други потребни тестови, или да ги земе предвид добиените резултати од претходните испитувања или другите опити што биле направени. Заради извршување на проверката, Управата за семе и саден материјал, може да побара од селекционерот да ги достави сите потребни информации, документи или материјал.

(2)За извршените испитувања и проверки од ставот (1) на овој член подносителот на пријавата поднесува трошоци во висина на стварно направените трошоци потребни за извршување на потребните испитувања и проверки.

(3)Потребните информации, документи или материјал од ставот (1) на овој член, како и висината на трошоците од ставот (2) на овој член поблиску ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Решение за доделување на селекционерско право

Член 14

(1)Врз основа на извршената проверка на пријавата и доставените резултати од Управата за семе и саден материјал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за доделување или одбивање на селекционрско право.

(2)За доделеното селекционерско право носителот на правото е должен да плаќа годишен надоместок за одржување на правото во висина од стварно направените трошоци потребни за нејзино одржување.

(3)Висината на надоместокот од ставот (2) на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(4)Решението од ставот (1) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија”.

Привремена заштита

Член 15

(1)Република Северна Македонија обезбедува мерки за заштита на интересите на селекционерот во текот на периодот меѓу поднесувањето на пријавата за доделување на селекционерско право и доделувањето на тоа право.

(2)Мерките од ставот (1) на овој член на селекционерот му даваат право на соодветен паричен надомест од кое било лице, кое во текот на наведениот период извршило активности, за кои штом ќе се додели селекционерското право, е потребно овластување согласно со членот 16 од овој закон.

IV. IIPABA HA СЕЛЕКЦИОНЕРОТ

Опфат на правото на селекционерот

Член 16

(1) Дејствија поврзани со материјалот за размножување се:

а) согласно со членовите 17 и 18 од овој закон материјалот за размножување на заштитена сорта може да се користи само врз основа на добиено овластување од страна на селекционерот во следниве активности:

1) производство или размножување;

2) определување на условите под кои се одгледува сортата;

3) понуда заради продажба;

4) продажба или друг вид на промет;

5) извоз;

6) увоз и

7) складирање заради вршење на активностите од точките 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој став и

6)  селекционерот ги утврдува условите или ограничувањата при давањето на овластување за користење на селекционерското право.

(2)Дејствија поврзани со одгледаниот материјал согласно со членовите 17 и 18 од овој закон се активностите утврдени во ставот (1) точка а) на овој член во врска со одгледаниот материјал, вклучувајќи и цели растенија и делови од растенија, стекнати преку неовластено користење на материјалот за размножување на заштитената сорта, потребно е овластување од селекционерот, освен доколку селекционерот дал разумна можност за користење на правото во врска со споменатиот материјал за размножување.

(3) Дејствија поврзани со основни, изведени и некои други сорти се:

а) одредбите на ставовите (1) и (2) од овој член ќе се применуваат и кај:

1)сорти коишто се основно изведени од заштитена сорта, каде што заштитената сорта сама по себе не е основно изведена сорта;

2)сорти коишто јасно не се разликуваат во согласност со членот 6 од овој закон од заштитената сорта и

3)сорти чиешто производство бара повторена употреба на заштитената сорта;

6)сортата се смета за основно изведена од друга сорта (изворна сорта), ако:

1)е претежно изведена од изворната сорта или од сортата којашто претежно е изведена од изворна сорта, а ги задржува суштинските особини што се резултат од генотипот или комбинација на генотипови на изворната сорта;

2)јасно се разликува од изворната сорта и

3)има слични својства со останатите својства на изворната сорта што се резултат од генотипот или комбинација од генотипови на изворната сорта, со исклучок на суштинските разлики што произлегуваат од постапката на создавањето и

в) основно изведени сорти можат да се добијат преку селекција по природна или предизвикана мутација или варијанта преку клонирање на клетка, селекција на една варијанта независна од растенијата на изворната сорта, вкрстување на хибрид со родител или трансформацифа преку генетски инженеринг.

Исклучоци BO однос на селекционерското право

Член 17

(1) Селекционерското право не се однесува на:

1)активности извршени за сопствени и некомерцијални цели;

2)активности извршени за експериментални цели и

3)активности извршени за цел селекција на други сорти и освен во случаи каде што се применуваат одредбите од членот 16 став (3) на овој закон, активности кои се уредуваат со членот 16 ставови (1) и (2) од овој закон, во однос на други такви сорти.

(2)Bo однос на сортите кои се вклучени во листата на земјоделски растенија, селекционерското право нема да биде повредено од страна на мали земјоделски производители кои, во рамките на разумни ограничувања и предмет на заштита на законските интереси на селекционерот, ги користат растенијата на сопствените имоти заради размножување, производот од жетвата што тие ја собрале од посеви на сопствените имоти и заштитените сорти или сортите опфатени во членот 15 став (3) точка а) потточка 1или 2 од овој закон.

(3)Одредбите од ставот (2) на овој член не се однесуваат на сортите од овошни, украсни, градинарски и шумски растенија.

Исцрпување на селекционерското право

Член 18

(1)Селекционерското право не може да се прошири за активности што се однесуваат на кој било материјал од заштитена сорта или сорта која е опфатена со членот 16 став (3) од овој закон, која е продадена или на друг начин пуштена во промет од страна на селекционерот или со негова согласност на територијата на Република Северна Македонија или кој било материјал изведен од наведениот материјал, освен доколку ваквите дејности вклучуваат:

1)натамошно одгледување на сортата или

2)извоз на материјал од сортата што овозможува нејзино одгледување во земја во која нема заштита на растителните родови или видови на кои им припаѓа сортата, освен онаму каде што извезениот материјал е наменет за крајна потрошувачка.

(2)Материјал од одредена сорта во смисла на ставот (1) од овој член претставува:

1) материјал за размножување од каков било вид;

2) одгледан (прибран) материјал, вклучувајќи цели растенија и делови од растенија и

3) производ добиен директно од одгледаниот (прибраниот) материјал.

Ограничувања во примената на селекционерското право

Член 19

(1)Слободното користење на селекционерското право може да се ограничи на територијата на Република Северна Македонија само заради остварување на јавен интерес утврден со закон.

(2)Доколку се примени некое ограничување со кое се овластува трето лице да изврши каква било активност, за која е потребно овластување од селекционерот, селекционерот треба да добие правичен надоместок, определен согласно со закон.

Регулаторни мерки за промет

Член 20

Мерките кои важат за регулирање на производството, сертификацијата и прометот со материјал од сорти или при увоз или извоз на ваков материјал на територијата на Република Северна Македонија, не се однесуваат на селекционерското право заштитено согласно со овој закон.

Времетраење на селекционерското право

Член 21

Селекционерското право се доделува за период од 20 години, а за виновата лоза и дрвја 25 години од датумот на доделување на селекционерското право.

V. ИМЕНУВАЊЕ HA СОРТАТА

Име на сортата

Член 22

(1)Сортата ќе се именува со име кое ќе претставува нејзино генеричко име. Генеричкото име на сортата може да се користи и по истекот на селекционерското право.

(2)Името на сортата мора да овозможи нејзина идентификација и не мора исклучиво да се состои од броеви, освен при востановена пракса за означување на сорти. Името на сортата не смее да доведе до забуна или да предизвика конфузија во врска со особините, вредноста или идентитетот на сортата и идентитетот на селекционерот. Особено името мора да биде различно од кое било друго име дадено на територијата на која било членка на УПОВ, на постоечка сорта од ист растителен вид или од близок вид.

(3)Селекционерот името на сортата го пријавува до Управата за семе и саден материјал. Доколку Управата за семе и саден материјал утврди дека името не ги задоволува барањата од ставот (2) на овој член ќе одбие да го регистрира и ќе бара селекционерот да предложи друго име во рок од шест месеца до една година. Управата за семе и сасен материјал ќе го регистрира името на сортата во исто време кога ќе се додели селекционерското право.

(4)Со употреба на името не смее да се повредат претходни селекционерски права на трети лица. Доколку заради претходно доделено право има забрана за употреба на името за лице кое, според ставот (6) од овој член е обврзано да го користи, Управата за семе и саден материјал ќе побара од селекционерот да даде друго име за сортата во рокот утврден во ставот (3) од овој член.

(5)Сортата мора да се пријави до сите членки на УПОВ под исто име. Управата за семе и саден материјал ќе го регистрира поднесеното име, освен доколку смета дека името не е погодно за користење во Република Северна Македонија. Bo овој случај ќе бара од селекционерот да пријави друго име во рокот утврден во ставот (3) од овој член.

(6)Лице кое нуди за продажба или пушта во промет материјал за размножување на заштитена сорта во Република Северна Македонија, е должно да го користи името на таа сорта дури и после истекот на слекционерското право, освен кога согласно со ставот (4) од овој член претходно доделено право ја спречува употребата.

(7)Доколку една сорта се нуди за продажба или за друг вид на промет, може да е проследена со препознатлив заштитен знак, трговско име или сличен знак со регистрираното генеричко име на copτaτa. Доколку постои поврзаност со ознаката на тојначин, името во секој случај мора да е лесно препознатливо.

VI. ПОНИШТУВАЊЕ И ПРЕСТАНОК HA СЕЛЕКЦИОНЕРСКОТО ПРАВО

Поништување на селекционерското право

Член 23

(1) Селекционерското право ќе се поништи кога:

1)условите утврдени во членовите 6 и7 на овој закон не се исполнети во времето на доделувањето на селекционерското право;

2)доделувањето на селекционерското право главно било врз основа на информациите и документацијата обезбедена од страна на селекционерот, а условите утврдени во членовите 8 и9 на овој закон не биле исполнети во времето на доделување на селекционерското право или

3)селекционерското право му е доделено на лице кое нема право на тоа, освен доколку е пренесено на лице кое со тоа го има правото.

(2)Селекционерското право нема да се поништи освен според причини утврдени во ставот (1) од овој член.

(3)Поништувањето на селекционерското право се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија”.

Престанок на селекционерското право

Член 24

(1) Селекционерското право престанува:

а) кога ќе се утврди дека условите утврдени во членовите 8 и9 од овој закон веќе не се исполнети;

6) откако е побарано да се направи следново во текот на шест месеца кога:

1)селекционерот не доставил до Управата за семе и саден материјал информации, документи или материјали кои се сметаат за неопходни за потврдување дека сортата се одржува;

2)селекционерот не ги платил трошоците за селекционерско право и

3)селекционерот, во случај на поништување на предложеното име по одобрување на селекционерското право, не предложи друго соодветно име.

(2)Селекционерското право не може да престане од никакви други причини, освен од оние наведени во ставот (1) на овој член.

(3)Престанувањето на селекционерското право се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија”.

VII. НАДЛЕЖНА ИНСТИТУЦИЈА

надлежности

Член 25

(1) Управата за семе и саден материјал е надлежна за водење на Регистар на селекционерски права и објавување на информации од регистрите по однос на поднесено барање.

(2) Управата за семе и саден материјал е должна во “Службен весник на Република Северна Македонија“ да ги објави информациите кои се однесуваат на:

- пријавите за доделување на селекционерски права и

- предложените и прифатените именувања на сортите.

(3) Управата за семе и саден материјал е должна на писмено барање на секое лице кое ќе докаже дека има право на тоа да овозможи достапност на својата документација и информациите за поднесени пријави и признаени, односно доделени селекционерски права, а во врска со:

- документи кои се поднесуваат со пријавите и

- документи кои се однесуваат на доделените селекционерски права.

(4) Формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на селекционерски права ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

VIII. ПРИМЕНА HA СЕЛЕКЦИОНЕРСКОТО ПРАВО

Правни лекови

Член 26

(1)Физичко или правно лице кое извршило повреда на селекционреското право е одговорно за надомест за штета согласно со прописите за надомест на штета.

(2)Селеционерот чии права се повредени, покрај надоместокот за штета од ставот (1) на овој член, исто така, може да поднесе барање за забрана за вршење или продолжено вршење на повредата на селекционерското право преку престанок на активноста којашто придонела за таков прекршок и трошоците за постапката за повредата ќе ги сноси физичкото или правното лице кое го прекршило селекционерското право.

(3)Повредите на селекционерското право се однесуваат на активностите спротивни на членот 16 од овој закон.

Судска заштита на селекционерското право

Член 27

(1)Судската заштита на селекционерското право селекционерот може да ја покрене во рок од три години од денот кога дознал за повредата на селекционерското право.

(2)Правото на тужба застарува по истекок на пет години од настанувањето на повредата на селекционерското право.

(3)Тужбата која може да се поднесе согласно со ставот (1) од овој член се поднесува пред надлежен суд.

IX.НАДЗОР

Спроведување

Член 28

Надзорот над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Државниот инспекторат за земјоделство.

Надзор на Државниот инспекторат за земјоделство

Член 29

(1)Надзорот над спроведувањето на одредбите од членовите 16 и 17 на овој закон ги врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство.

(2)Kora при вршење на надзорот оправдано ќе се посомнева дека е направен прекршок, државниот инспектор за земјоделство привремено ги запленува предметите кои биле употребени или наменети за прекршокот или настанале со прекршокот.

(3)Државниот инспектор за земјоделство ги предава предметите кои привремено ги запленил веднаш со предлогот за поведување на прекршочна постапка.

X. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Глоби

Член 30

(1) Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ке му се изрече за прекршок на правно лице микро трговец и мал трговец, во износ од 150 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице среден трговец и во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице голем трговец, кое:

- произведува, размножува, пушта во промет, извезува или увезува семенски материјал без претходна дозвола од страна на носителот на селекционерското право (член 16),

- BO спротивност co членот 22 став (2) од овој закон користи име на сорта заштитена со овој закон или пак, име коешто лесно може да доведе до забуна со друга или слична сорта и

- во спротивност со членот 22 став (6) од овој закон пушти во промет семенски материјалод заштитена сорта, доколку притоа не е наведено регистрираното име на сортата.

(2) Глоба во износ од 15 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 15 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Глоби

Член 31

(1)За прекршоците пропишани во членот 30, инспекторот со решение изрекува опомена и определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците, утврдени со записник.

(2)Решението од ставот (1) на овој член, се донесува веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на изготвувањето на записникот.

(3) Инспекторот е должен да води евиденција за изречените опомени.

(4)Формата и содржината на евиденцијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Постапки, порамнување и посредување

Член 32

(1) Прекршочна постапка за прекршоците пропишани во овој закон ја води прекршочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.

(2) Пред поднесување на барања за прекршочна постапка за прекршоци предвидени воовој закон, Државниот инспекторат за земјоделство води постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците.

(3) Инспекторот е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки.

(4) Bo евиденцијата од ставот (3) на овој член се собираат, обработуваат и чуваатследниве податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налогкој му се издава и исходот на постапката.

(5) Личните податоци од ставот (4) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.

(6) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

XI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Подзаконски акти

Член 33

Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Одложна примена

Член 34

За растителните родови и видови кои не се влезени во листата од членот 10 на овој закон, одредбите на овој закон ќе се применуваат поистекот на период од десет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Престанување на важење

Член 35

Co денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за заштита на нови сорти на земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/2007).

Влегување во сила

Член 36

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.


التشريعات يحلّ محل (1 نصوص) يحلّ محل (1 نصوص)
لا توجد بيانات متاحة.

ويبو لِكس رقم MK054