عن الملكية الفكرية التدريب في مجال الملكية الفكرية إذكاء الاحترام للملكية الفكرية التوعية بالملكية الفكرية الملكية الفكرية لفائدة… الملكية الفكرية و… الملكية الفكرية في… معلومات البراءات والتكنولوجيا معلومات العلامات التجارية معلومات التصاميم الصناعية معلومات المؤشرات الجغرافية معلومات الأصناف النباتية (الأوبوف) القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية مراجع الملكية الفكرية تقارير الملكية الفكرية حماية البراءات حماية العلامات التجارية حماية التصاميم الصناعية حماية المؤشرات الجغرافية حماية الأصناف النباتية (الأوبوف) تسوية المنازعات المتعلقة بالملكية الفكرية حلول الأعمال التجارية لمكاتب الملكية الفكرية دفع ثمن خدمات الملكية الفكرية هيئات صنع القرار والتفاوض التعاون التنموي دعم الابتكار الشراكات بين القطاعين العام والخاص أدوات وخدمات الذكاء الاصطناعي المنظمة العمل مع الويبو المساءلة البراءات العلامات التجارية التصاميم الصناعية المؤشرات الجغرافية حق المؤلف الأسرار التجارية أكاديمية الويبو الندوات وحلقات العمل إنفاذ الملكية الفكرية WIPO ALERT إذكاء الوعي اليوم العالمي للملكية الفكرية مجلة الويبو دراسات حالة وقصص ناجحة في مجال الملكية الفكرية أخبار الملكية الفكرية جوائز الويبو الأعمال الجامعات الشعوب الأصلية الأجهزة القضائية الموارد الوراثية والمعارف التقليدية وأشكال التعبير الثقافي التقليدي الاقتصاد المساواة بين الجنسين الصحة العالمية تغير المناخ سياسة المنافسة أهداف التنمية المستدامة التكنولوجيات الحدودية التطبيقات المحمولة الرياضة السياحة ركن البراءات تحليلات البراءات التصنيف الدولي للبراءات أَردي – البحث لأغراض الابتكار أَردي – البحث لأغراض الابتكار قاعدة البيانات العالمية للعلامات مرصد مدريد قاعدة بيانات المادة 6(ثالثاً) تصنيف نيس تصنيف فيينا قاعدة البيانات العالمية للتصاميم نشرة التصاميم الدولية قاعدة بيانات Hague Express تصنيف لوكارنو قاعدة بيانات Lisbon Express قاعدة البيانات العالمية للعلامات الخاصة بالمؤشرات الجغرافية قاعدة بيانات الأصناف النباتية (PLUTO) قاعدة بيانات الأجناس والأنواع (GENIE) المعاهدات التي تديرها الويبو ويبو لكس - القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية معايير الويبو إحصاءات الملكية الفكرية ويبو بورل (المصطلحات) منشورات الويبو البيانات القطرية الخاصة بالملكية الفكرية مركز الويبو للمعارف الاتجاهات التكنولوجية للويبو مؤشر الابتكار العالمي التقرير العالمي للملكية الفكرية معاهدة التعاون بشأن البراءات – نظام البراءات الدولي ePCT بودابست – نظام الإيداع الدولي للكائنات الدقيقة مدريد – النظام الدولي للعلامات التجارية eMadrid الحماية بموجب المادة 6(ثالثاً) (الشعارات الشرفية، الأعلام، شعارات الدول) لاهاي – النظام الدولي للتصاميم eHague لشبونة – النظام الدولي لتسميات المنشأ والمؤشرات الجغرافية eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange الوساطة التحكيم قرارات الخبراء المنازعات المتعلقة بأسماء الحقول نظام النفاذ المركزي إلى نتائج البحث والفحص (CASE) خدمة النفاذ الرقمي (DAS) WIPO Pay الحساب الجاري لدى الويبو جمعيات الويبو اللجان الدائمة الجدول الزمني للاجتماعات WIPO Webcast وثائق الويبو الرسمية أجندة التنمية المساعدة التقنية مؤسسات التدريب في مجال الملكية الفكرية الدعم المتعلق بكوفيد-19 الاستراتيجيات الوطنية للملكية الفكرية المساعدة في مجالي السياسة والتشريع محور التعاون مراكز دعم التكنولوجيا والابتكار نقل التكنولوجيا برنامج مساعدة المخترعين WIPO GREEN WIPO's PAT-INFORMED اتحاد الكتب الميسّرة اتحاد الويبو للمبدعين WIPO Translate أداة تحويل الكلام إلى نص مساعد التصنيف الدول الأعضاء المراقبون المدير العام الأنشطة بحسب كل وحدة المكاتب الخارجية المناصب الشاغرة المشتريات النتائج والميزانية التقارير المالية الرقابة
Arabic English Spanish French Russian Chinese
القوانين المعاهدات الأحكام التصفح بحسب كل ولاية قضائية

مقدونيا الشمالية

MK028

رجوع

ОДЛУКA за висината на единствениот надоместок од умножување за приватно користење

 Decision on the Amount of the Single Equitable Remuneration of Copying in Private Use

Врз основа на членот 48 став (1) од Законот за авторското право и сродните

права („Службен весник на Република Македонија " бр. 115/10 и 51/11), Владата на

Република Македонија на седницата одржана на 22.10.2011 година донесе

ОДЛУКА

за висината на единствениот надоместок од умножување

за приватно користење

Член 1

Со оваа одлука се утврдува висината на единствениот надоместок од

умножување за приватно користење пишани дела, фонограми и видеограми.

Член 2

Надоместокот за тонско и/или визуелно аналогно или дигитално снимање се

плаќа при прва продажба или увоз посебно за секој вид средства за тонско и/или

визуелно снимање, што според декларација на производителот овозможуваат

тонско и/или визуелно снимање и тоа:

1. Касетофон, магнетофон и друго соодветно средство за тонско снимање

30,00 денари

2. Видеорекордер и друго соодветно средство за визуелно снимање

210

денари

3. Средства за аудио снимање (ЦД), средства за аудио/видео снимање

(ДВД), средства за снимање на минидиск (МД) и други соодветни средства за

тонско и/или визуелно снимање 360 денари

4. Средства што не се исклучиво наменети за тонско и/или визуелно

снимање (компјутер како компјутерска целина, хард дискови, УСБ меморија, ДВД

снимачи, МП3, МП4 плејери, мобилни телефони и други средства со интегрирана

меморија) и друго соодветно средство. 50.00 денари

Член 3

Надоместокот за тонско и/или визуелно аналогно или дигитално снимање се

плаќа и при првата продажба или увоз на нови неснимени носачи на тон, односно

на тон и слика. Надоместокот се однесува на секој посебен носач, што, според

декларацијата на производителот овозможува тонско и/или визуелно снимање на

дела и тоа:

1. Аналогни носачи:

Аудиокасета, видеокасета, магнетофонска лента и друг соодветен носач:

а) Носачи на тон во траење до 120 мин. 1,20 денари

б) Носачи на тон во траење над 120 мин. 2,40 денари

в) Носачи на тон и слика во траење до 180 мин. 2,40 денари

г) Носачи на тон и слика во траење над 180 мин. 3,60 денари.

2. Дигитални носачи:

(а) Аудио (ЦД), видео (ДВД), минидиск (МД) и друг соодветен носач

За секоја почната 90 минута од времето на снимање 1,00 денари

б) Преносен носач со интегрирана мемориска целина, што исклучиво е

наменет за визуелно снимање за:

­ Носач што вклучува и меморија со капацитет до 16 ГБ 250,00 денари

­ Носач со капацитет над 16 ГБ 510,00

денари

в) Носач што не е исклучиво наменет за аудио и/или визуелни снимки:

Аудио податоци (ЦД), видео податоци (ДВД), компјутерски тврд диск, мемориска

картичка (пр. ЦФ, СД, СДХЦ), преносен носач со интегрирана мемориска целина

што не е исклучиво наменет за дигитални аудио и/или визуелни снимки (на

пример: мобилен телефон, преносен комјутер) и друг соодветен носач. За секој

започнат 1 ГБ мемориски капацитет 2,00 денари, но не повеќе од 1.020,00 денари

Член 4

(1) Надоместокот за фотокопирање, се плаќа за прва продажба или увоз на

нови средства за фотокопирање, за секое посебно средство, што според

декларацијата на производителот овозможува фотокопирање или други техники за

репродуцирање со ист ефект на фотокопирање (факс, печатар, фотопечатар и друго

соодветно средство) и тоа:

1. До 12 фотокопии/страни во минута 200,00 денари

2. Од 13 до 36 фотокопии/страни во минута 300,00 денари

3. Над 36 фотокопии/страни во минута 500,00 денари

4. Други средства без разлика на учинокот

(скенер и други) 80,00

денари

(2) Висината на надоместокот од став (1) на овој член за секое посебно

средство за фотокопирање во боја е во двоен износ, од износот утврден во став (1)

од овој член.

Член 5

(1) Надоместокот посебно за секој фотокопиран примерок пишано дело

наменет за продажба на физичко лице, изработена во црно бела техника изнесува

1% од продажната цена посебно за секој фотокопиран примерок.

2

(2) Висината на надоместокот од став (1) на овој член посебно за секој

фотокопиран примерок пишано дело во боја, наменет за продажба на физички лица

е во двоен износ, од износот утврден во став (1) од овој член.

Член 6

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи

Одлуката за висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на авторското

дело за приватно користење (“Службен весник на Република Македонија “ бр.

25/08).

Член 7

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во

„Службен весник на Република Македонија“.

Претседател на Владата

на Република Македонија,

Никола Груевски

Бр. 51­5667/1

22. октомври 2011 година

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

1. Со изменувањето и дополнувањето на Законот за авторското право и

сродните права („Службен весник на РМ " бр. 4/05), за прв пат во Република

Македонија е воведено правото на надоместок за репродуцирање за приватно

користење како законска дозвола, што како институт е познат во законодавството и

праксата во скоро сите држави­членки на Европската унија.

3

Согласно изменувањето и дополнувањето на Законот за авторското право и ­ сродните права (ЗАПСП), актот за висината на надоместокот од овој вид

користење на авторските дела и сродните права, го донесува Владата на Република

Македонија во рок од две (2) години од денот на влегувањето во сила на Законот

(јануари 2007 година). Одлуката за висината на вкупниот надоместок за

репродуцирање на авторско дело за приватно користење беше донесена на

12.02.2008., беше објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 25/08

од 20.02.2008 година.

2. Со донесувањето на новиот Закон за авторското право и сродните права

(„Службен весник на РМ“ бр. бр. 115/10, 140/10 и 51/11), во преодниот режим е

определено дека одредбите за право на надоместок од умножување за приватно

користење (донесување соодветна нова одлука) ќе се применуваат по една година

од денот на влегувањето во сила на овој закон ­09.09.2011 година.

Исто така, поради различните правни основи за донесување на соодветната

одлука на Владата на Република Македонија, согласно новиот Закон за авторското

право и сродните права (Закон), постојната Одлука за висината на вкупниот

надоместок за репродуцирање на авторско дело за приватно користење е потребно

да се замени со нова.

3. Приципите на што се заснова новата Предлог­Одлука за висината на

единствениот надоместок од умножување за приватно користење е иста како и кај

постојната Одлука за висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на

авторско дело за приватно користење.

Приватното користење, во смисла на Законот и Предлог­Одлуката за

висината на единствениот надоместок од умножување за приватно користење

(Предлог­Одлуката), претставува тонското и/или визуелното снимање на авторски

дела, односно предмети на сродните права (фонограми и видеограми), како и

фотокопирањето на авторски дела. Надоместокот се плаќа при првата продажба

или увоз на средства за тонско и/или визуелно снимање и на нови неснимени

носачи на тон и на тон и слика, како и при првата продажба или увоз на средства за

фотокопирање и за изработка на фотокопии, наменети за продажба.

Обврска за плаќање на овој надоместок имаат поголем број субјекти што ги

вршат наведените трговски дејности, односно произведувачите и увозниците на

средства за тонско и/или визуелно снимање, на средства за фотокопирање, на

неснимени носачи на тон и на тон и слика, како и лица што вршат услуги на

фотокопирање, при што тие се должни на соодветната организација за колективно

управување да и доставуваат податоци за видот и бројот на продадените или

увезените средства и носачи на тон и на тон и слика, како и месечен извештај за

направените фотокопии.

Согласно Законот, при распределбата на надоместоците прибрани за

приватно умножување, авторите примаат 40%, изведувачите 30%, а фонограмските

или филмските продуценти 30%. Надоместоците прибрани за приватно

репродуцирање се распределуваат меѓу авторите и издавачите во сооднос од по

50%.

4

При утврдување на висината на надоместокот беа земени предвид

животните трошоци во Република Македонија, како и распространетоста на

користењето на дигиталната технологија на национално ниво, бројот на

населението и други економски аспекти, а во рамки на лимитите утврдени со

Законот за авторското право и сродните права.

Со оглед на тоа што развојот на дигиталната технологија се повеќе

овозможува брзо и ефтино тонско и визуелно преснимување и фотокопирање на

авторски дела за приватно користење, со наплаќањето на надоместокот за

приватно репродуцирање, ќе се воспостави една рамнотежа помеѓу приватното

користење на делата и правата на авторите и носителите на сродните права.

Септември 2011 година Министерство за култура

5