عن الملكية الفكرية التدريب في مجال الملكية الفكرية إذكاء الاحترام للملكية الفكرية التوعية بالملكية الفكرية الملكية الفكرية لفائدة… الملكية الفكرية و… الملكية الفكرية في… معلومات البراءات والتكنولوجيا معلومات العلامات التجارية معلومات التصاميم الصناعية معلومات المؤشرات الجغرافية معلومات الأصناف النباتية (الأوبوف) القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية مراجع الملكية الفكرية تقارير الملكية الفكرية حماية البراءات حماية العلامات التجارية حماية التصاميم الصناعية حماية المؤشرات الجغرافية حماية الأصناف النباتية (الأوبوف) تسوية المنازعات المتعلقة بالملكية الفكرية حلول الأعمال التجارية لمكاتب الملكية الفكرية دفع ثمن خدمات الملكية الفكرية هيئات صنع القرار والتفاوض التعاون التنموي دعم الابتكار الشراكات بين القطاعين العام والخاص أدوات وخدمات الذكاء الاصطناعي المنظمة العمل مع الويبو المساءلة البراءات العلامات التجارية التصاميم الصناعية المؤشرات الجغرافية حق المؤلف الأسرار التجارية أكاديمية الويبو الندوات وحلقات العمل إنفاذ الملكية الفكرية WIPO ALERT إذكاء الوعي اليوم العالمي للملكية الفكرية مجلة الويبو دراسات حالة وقصص ناجحة في مجال الملكية الفكرية أخبار الملكية الفكرية جوائز الويبو الأعمال الجامعات الشعوب الأصلية الأجهزة القضائية الموارد الوراثية والمعارف التقليدية وأشكال التعبير الثقافي التقليدي الاقتصاد المساواة بين الجنسين الصحة العالمية تغير المناخ سياسة المنافسة أهداف التنمية المستدامة التكنولوجيات الحدودية التطبيقات المحمولة الرياضة السياحة ركن البراءات تحليلات البراءات التصنيف الدولي للبراءات أَردي – البحث لأغراض الابتكار أَردي – البحث لأغراض الابتكار قاعدة البيانات العالمية للعلامات مرصد مدريد قاعدة بيانات المادة 6(ثالثاً) تصنيف نيس تصنيف فيينا قاعدة البيانات العالمية للتصاميم نشرة التصاميم الدولية قاعدة بيانات Hague Express تصنيف لوكارنو قاعدة بيانات Lisbon Express قاعدة البيانات العالمية للعلامات الخاصة بالمؤشرات الجغرافية قاعدة بيانات الأصناف النباتية (PLUTO) قاعدة بيانات الأجناس والأنواع (GENIE) المعاهدات التي تديرها الويبو ويبو لكس - القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية معايير الويبو إحصاءات الملكية الفكرية ويبو بورل (المصطلحات) منشورات الويبو البيانات القطرية الخاصة بالملكية الفكرية مركز الويبو للمعارف الاتجاهات التكنولوجية للويبو مؤشر الابتكار العالمي التقرير العالمي للملكية الفكرية معاهدة التعاون بشأن البراءات – نظام البراءات الدولي ePCT بودابست – نظام الإيداع الدولي للكائنات الدقيقة مدريد – النظام الدولي للعلامات التجارية eMadrid الحماية بموجب المادة 6(ثالثاً) (الشعارات الشرفية، الأعلام، شعارات الدول) لاهاي – النظام الدولي للتصاميم eHague لشبونة – النظام الدولي لتسميات المنشأ والمؤشرات الجغرافية eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange الوساطة التحكيم قرارات الخبراء المنازعات المتعلقة بأسماء الحقول نظام النفاذ المركزي إلى نتائج البحث والفحص (CASE) خدمة النفاذ الرقمي (DAS) WIPO Pay الحساب الجاري لدى الويبو جمعيات الويبو اللجان الدائمة الجدول الزمني للاجتماعات WIPO Webcast وثائق الويبو الرسمية أجندة التنمية المساعدة التقنية مؤسسات التدريب في مجال الملكية الفكرية الدعم المتعلق بكوفيد-19 الاستراتيجيات الوطنية للملكية الفكرية المساعدة في مجالي السياسة والتشريع محور التعاون مراكز دعم التكنولوجيا والابتكار نقل التكنولوجيا برنامج مساعدة المخترعين WIPO GREEN WIPO's PAT-INFORMED اتحاد الكتب الميسّرة اتحاد الويبو للمبدعين WIPO Translate أداة تحويل الكلام إلى نص مساعد التصنيف الدول الأعضاء المراقبون المدير العام الأنشطة بحسب كل وحدة المكاتب الخارجية المناصب الشاغرة المشتريات النتائج والميزانية التقارير المالية الرقابة
Arabic English Spanish French Russian Chinese
القوانين المعاهدات الأحكام التصفح بحسب كل ولاية قضائية

مقدونيا الشمالية

MK016

رجوع

Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права од 13 април 2011 година

Закон за дополнување на законот за авторското

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.51 од 13.04.2011 година

Член 1

Во Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на Република Македонија “ број 115/10), по членот 151 се додава нов член 151-а, кој гласи:
„Постапка во случај на недонесување решение

Член 151- а

(1) Доколку Министерството за култура не го донесе решението за давање дозвола, односно не го одбие барањето за давање дозвола во рокот пропишан
во членот 149 на овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три
работни дена да поднесе барање во писарницата на министерот за култура за тој да донесе решение .
(2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги
пропишува министерот за култура.
(3) Министерот за култура е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата на
министерот за култура, да донесе решение со кое барањето е уважено или
одбиено. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на Министерството за култура.
(4) Кон барањето за донесување на решение од ставот (1) на овој член,
подносителот на барањето доставува копија од барањето од членот 149 на овој закон.
(5) Доколку министерот за култура не донесе решение во рокот од ставот (3) на
овој член, подносителот на барањето има право да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
(6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши надзор во Министерството за култура дали е спроведена постапката согласно со закон и во
рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето.
(7) Инспекторот по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за култура во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести
Државниот управен инспекторат за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.
(8) Доколку министерот за култура не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи
дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот за култура ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за
донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира
подносителот на барањето за преземените мерки.
(9) Доколку министерот за култура не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе
пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
(11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (6) и (7) на овој член, или не поднесе пријава согласно со ставовите (8) и (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за култура дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до
надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе
го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(13) Во случајот од ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг
инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(14) Во случаите од ставот (13) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат, во рок од три работни дена го информира подносителот на
барањето за преземените мерки.
(15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето има право да поднесе
пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
(16) Доколку министерот за култура не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето има право да поведе управен спор пред надлежен суд.
(17) Постапката пред управниот суд е итна.“

Член 2

Подзаконскиот акт предвидено со овој закон ќе се донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
По објавувањето на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член во „Службен весник на Република Македонија “ веднаш истиот , а најдоцна во рок од 24 часа
се објавува на веб страницата на Министерството за култура .

Член 3

Постапките за добивање дозвола за колективно управување започнати пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат според Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на Република Македонија“ број 115/10 и 140/10).

Член 4

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

2