关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 工业品外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 工业品外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 与产权组织合作 问责制 专利 商标 工业品外观设计 地理标志 版权 商业秘密 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 经济学 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 前沿技术 移动应用 体育 旅游 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 COVID-19支持 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 职位空缺 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决 按管辖区浏览

北马其顿

MK051

返回

За дополнување на законот за заштита на топографијата на интегралните кола

З А К О Н

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ТОПОГРАФИЈАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ КОЛА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.136 од 03.10.2011 година

Член 1

Во Законот за заштита на топографијата на интегралните кола („Службен весник на Република Македонија“ брoj 5/98 и 33/2006), по членот 13 се додава нов член
13-а, кој гласи:

„Член 13-а

(1) Решението од членот 13 став (4) од овој закон Заводот го издава во рок од
15 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на решението.
(2) Доколку заводот не го издаде решението, односно не донесе решение за
одбивање на барањето во рокот утврден во ставот (1) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот заради донесување на решение од страна на директорот.
(3) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува директорот.
(4) Директорот е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето
на барањето од ставот (2) на овој член до писарницата на директорот да донесе решение со кое барањето за утврдување на повреда на правото е уважено или
одбиено. Доколку директорот нема писарница барањето се поднесува во
писарницата на седиштето на Заводот.
(5) Кон барањето за остварување на правото од ставот (2) на овој член подносителот на барањето поднесува копие од барањето од членот 13 став (1) од
овој закон.
(6) Доколку директорот не донесе решение во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во
рок од пет работни дена.
(7) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (6) на овој член да изврши инспекциски
надзор во Заводот и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и
во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор.
(8) Инспекторот од Државниот управен инспекторат од ставот (7) на овој член по
извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторoт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето.
(9) Доколку директорот не одлучи во рокот од ставот (8) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за
прекршок утврден во Законот за управаната инспекција и ќе определи
дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(10) Доколку директорот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (9) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(11) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен
инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
(12) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (11) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од
подносителот на барањето од ставот (6) на овој член или не поднел пријава согласно со ставот (10) на овој член, директорот на Државниот управен
инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе
определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Заводот дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот
на барањето за преземените мерки.
(13) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до
надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе
го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(15) Во случајот од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на
барањето за преземените мерки.
(16) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава
до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
(17) Доколку директорот не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
(18) Постапката пред Управниот суд е итна.
(19) Подзаконскиот акт од ставот (3) на овој член ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(20) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (3) на овој член истиот
веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Заводот“.

Член 2

Против решението со кое се одбива барањето за издавање на решение, барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во
управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 3

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбата од членот 2 на овој закон
која ќе започне да се применува со започнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од
работен однос во втор степен .

2