关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 工业品外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 工业品外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 与产权组织合作 问责制 专利 商标 工业品外观设计 地理标志 版权 商业秘密 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 经济学 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 前沿技术 移动应用 体育 旅游 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 COVID-19支持 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 职位空缺 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决书 按司法管辖区搜索

北马其顿

MK030

返回

Закон за изменување и дополнување на законот за авторското право и сродните права

Закон за изменување и дополнување на законот за авторското право и сродните права (Службен весник на Република Македонија број 131/2007)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА Сл.Весник на Р.Македонија бр. 131 од 29.10.2007 година

Член 1

Во Законот за авторското право и сродните права ("Службен весник на Република Македонија" број 47/96, 3/98, 98/2002 и 4/2005), во членот
141 ставот 1 се менува и гласи:
"Колективно остварување вршат здруженија на автори, односно здруженија на носители на сродни права основани за таа цел, како здруженија на граѓани во согласност со Законот за здруженијата на граѓани и фондациите, односно стопански интересни заедници во согласност со Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: здруженија)."

Член 2

Во членот 155 ставот 1 се менува и гласи:
„Управен надзор над здруженијата за колективно остварување на авторското право и на сродните права врши Министерството за култура."
Во ставот 2 зборовите: „може да спроведе инспекциски надзор" се бришат.
Во ставот 4 зборовите: „два месеци" се заменуваат со зборовите: „30
дена".

Член 3

Во членот 162 ставот 4 се менува и гласи:
„За постапката по привремени мерки се применуваат одредбите на законот со кои се уредуваат мерките за обезбедување, односно привремените мерки, доколку со овој закон поинаку не е определено."

Член 4

По членот 163 се додава нов член 163-а, кој гласи:
„Член 163-а
Правото на заштита на правата од овој закон не застарува, освен доколку со овој закон поинаку не е определено.
Барањата од овој закон што по својата природа се од облигационо- правен карактер, а за кои со овој закон не е определен посебен рок на застареност, застаруваат според општите правила за застареност на побарувањата."

Член 5

Во Одделот 4 насловот „Казнени одредби" се менува и гласи
„Прекршочни одредби".

Член 6

Во членот 168 став 1 воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


изрече за прекршок на правното лице кое:".
По алинејата 7 се додава нова алинеја 8, која гласи:
„- без одобрение на издавачот и без плаќање на надоместок на издавачот фотокопира за приватно или друго сопствено користење негово пишано дело (член 131);".
Алинеите 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 стануваат алинеи 9, 10,
11, 12, 13, 14, 15, 16, 17 и 18.
Ставот 2 се менува и гласи:
„Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок и на одговорното лице во правното лице, на трговецот поединец и на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, за прекршокот од ставот 1 на овој член." Ставот 3 се менува и гласи:
„Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за прекршокот од ставот 1 на овој член."
Ставот 4 се менува и гласи:
„За прекршок од ставот 1 на овој член сторен од користољубие или за прекршок со кој е предизвикана поголема имотна штета, на правното лице од ставот 1 на овој член ќе му се изрече глоба од 10.000 евра во денарска противвредност, а на физичкото лице од ставовите 2 и 3 на овој член ќе му се изрече глоба до 6.000 евра во денарска противвредност."
Ставот 5 се менува и гласи:
„За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице, односно на трговецот поединец и на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, му се изрекува дополнителна санкција забрана на вршење на дејност во траење од најмногу пет години, сметано од денот на правосилноста на одлуката."
Ставот 6 се менува и гласи:
„За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице, на трговецот поединец и на поединецот кој врши самостојна дејност или професија и на физичкото лице привремено ќе му се одземат примероците на авторското дело од алинејата 1, примероците од компјутерската програма од алинејата 6, снимките на изведбата, односно сценското дело, како и фонограмите и видеограмите од алинејата 7, снимките на програмите од алинејата 9 и средствата од алинеите 15 и 18 на овој член, како и другите средства што биле користени или наменети за извршување на прекршокот од овој член."
Ставот 7 се менува и гласи:
„Запленетите предмети, како и другите средства што биле користени или наменети за извршување на прекршокот од овој член, државниот пазарен инспектор (во натамошниот текст: инспекторот) е должен веднаш да ги предаде на надлежниот суд, односно да го извести за извршеното привремено одземање на предметите и да се погрижи за нивно чување до поведување на прекршочната постапка."
По ставот 7 се додава нов став 8, коj гласи:
„Привремено одземените предмети настанати со прекршокот од овој член,
по правосилноста на судската одлука, се уништуваат."

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 7

Членот 169 се менува и гласи:
„За прекршоците од членот 168 на овој закон не може да се поведе постапка ниту таа да се води доколку поминат пет години од денот кога е сторен прекршокот, а изречената санкција заради сторениот прекршок не може да се изврши по истекот на две години од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот."

Член 8

Членот 170 се менува и гласи:
"Инспекцискиот надзор на спроведување на одредбите од овој закон по однос на дистрибуцијата и јавното соопштување на авторското право и сродните права, односно на авторските дела и предметите на сродни права, го врши Државниот пазарен инспекторат.
Кога инспекторот при вршењето на надзорот основано се посомнева дека е сторен прекршок, како привремена мерка ги одзема производите, односно примероците на авторските дела или примероците на предметите на сродните права што биле користени или наменети за извршување на прекршокот, како и опремата, средствата и документите во врска со нив, за што е должен да издаде потврда со точен опис и количина на одземените предмети.
Инспекторот од ставот 2 на овој член е должен најдоцна во рок од 15
дена од денот на одземањето на предметите, како и другите средства што биле користени или наменети за извршување на прекршокот од овој член да поднесе барање за поведување прекршочна постапка, во спротивно е должен предметите да ги врати на лицето од кое се одземени.
Во барањето за поведување на прекршочна постапка, инспекторот е должен да ја наведе и преземената мерка од ставот 2 на овој член.
Ако инспекторот утврди дека со сторениот прекршок е остварена незаконска противправна имотна добивка е должен во барањето за покренување на прекршочната постапка да ја наведе висината на таа
добивка и да бара да се одземе од сторителот.
Инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите на овој закон по однос на производството, репродукцијата, ускладиштувањето, објавувањето и снимањето на компјутерските програми, музички и аудиовизуелни дела на носачи на тон и на тон и слика, во согласност со закон, врши Министерството за внатрешни работи."
Членот 170-а се брише.

Член 9

Преодни и завршни одредби

Член 10

По членот 184-ѓ се додаваат два нови члена 184-е и 184-ж, кои гласат:
"Член 184-е
Постапките на инспекциски надзор и прекршочните постапки започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат

3

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


според прописите кои биле во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 184-ж
Инспекторите, вработените, опремата, инвентарот и другите работи, архивата, документацијата, средствата за работа и другите средства од Министерството за култура -Инспекцијата за авторско право и сродни права преминуваат во Државниот пазарен инспекторат, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон."
Член 11
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
„Службен весник на Република Македонија".

4