About Intellectual Property IP Training Respect for IP IP Outreach IP for… IP and... IP in... Patent & Technology Information Trademark Information Industrial Design Information Geographical Indication Information Plant Variety Information (UPOV) IP Laws, Treaties & Judgements IP Resources IP Reports Patent Protection Trademark Protection Industrial Design Protection Geographical Indication Protection Plant Variety Protection (UPOV) IP Dispute Resolution IP Office Business Solutions Paying for IP Services Negotiation & Decision-Making Development Cooperation Innovation Support Public-Private Partnerships AI Tools & Services The Organization Working with WIPO Accountability Patents Trademarks Industrial Designs Geographical Indications Copyright Trade Secrets WIPO Academy Workshops & Seminars IP Enforcement WIPO ALERT Raising Awareness World IP Day WIPO Magazine Case Studies & Success Stories IP News WIPO Awards Business Universities Indigenous Peoples Judiciaries Genetic Resources, Traditional Knowledge and Traditional Cultural Expressions Economics Gender Equality Global Health Climate Change Competition Policy Sustainable Development Goals Frontier Technologies Mobile Applications Sports Tourism PATENTSCOPE Patent Analytics International Patent Classification ARDI – Research for Innovation ASPI – Specialized Patent Information Global Brand Database Madrid Monitor Article 6ter Express Database Nice Classification Vienna Classification Global Design Database International Designs Bulletin Hague Express Database Locarno Classification Lisbon Express Database Global Brand Database for GIs PLUTO Plant Variety Database GENIE Database WIPO-Administered Treaties WIPO Lex - IP Laws, Treaties & Judgments WIPO Standards IP Statistics WIPO Pearl (Terminology) WIPO Publications Country IP Profiles WIPO Knowledge Center WIPO Technology Trends Global Innovation Index World Intellectual Property Report PCT – The International Patent System ePCT Budapest – The International Microorganism Deposit System Madrid – The International Trademark System eMadrid Article 6ter (armorial bearings, flags, state emblems) Hague – The International Design System eHague Lisbon – The International System of Appellations of Origin and Geographical Indications eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange Mediation Arbitration Expert Determination Domain Name Disputes Centralized Access to Search and Examination (CASE) Digital Access Service (DAS) WIPO Pay Current Account at WIPO WIPO Assemblies Standing Committees Calendar of Meetings WIPO Webcast WIPO Official Documents Development Agenda Technical Assistance IP Training Institutions COVID-19 Support National IP Strategies Policy & Legislative Advice Cooperation Hub Technology and Innovation Support Centers (TISC) Technology Transfer Inventor Assistance Program WIPO GREEN WIPO's Pat-INFORMED Accessible Books Consortium WIPO for Creators WIPO Translate Speech-to-Text Classification Assistant Member States Observers Director General Activities by Unit External Offices Job Vacancies Procurement Results & Budget Financial Reporting Oversight
Arabic English Spanish French Russian Chinese
Laws Treaties Judgments Browse By Jurisdiction

North Macedonia

MK034

Back

Закон За Царински Мерки За Спроведување На Заштита На Правата Од Интелектуална Сопственост

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НАЈВИСОКИ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ УТВРДЕНИ СОГЛАСНО МЕТОДОЛОГИЈАТА

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година

20150882771

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКИ МЕРКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Се прогласува Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост,
што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 мај
2015 година.
Бр. 08-2284/1 Претседател
26 мај 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

ЗАКОН ЗА ЦАРИНСКИ МЕРКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

ПОГЛАВЈЕ I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1

Предмет

(1) Со овој закон се уредуваат условите и постапките за преземање дејствија од страна на царинскиот орган кога постојат оправдани причини за сомневање дека стоката ги повредува правата на интелектуална сопственост, е или треба да биде предмет на царински надзор или царинска контрола во царинското подрачје на Република Македонија согласно царинските прописи во случаите кога:
а) е декларирана за пуштање во слободен промет, извоз или повторен извоз;
б) се внесува или изнесува од царинското подрачје на Република Македонија или кога е ставена во постапка на транзит;
в) е ставена во постапка на царинско складирање, увоз за облагородување, преработка под царинска контрола или привремен увоз, или која е ставена во слободна зона или слободен склад во согласност со царинските прописи.

1 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 2

Примена

(1) Овој закон не се применува за стока пуштена во слободен промет наменета за крајна употреба.
(2) Овој закон не се применува за стока од некомерцијална природа која се наоѓа во личниот багаж на патниците.
(3) Овој закон не се применува на стока што е произведена со согласност на носителот на правото или за стока произведена од лице кое е овластено од носителот на правото да произведе одредена количина на стока, над договорената количина помеѓу тоа лице и носителот на правото.
(4) Одредбите од овој закон не ја исклучуваат примената на прописите со кои се регулира заштитата на правата од индустриска сопственост, авторското право и други сродни права, или прописите во врска со кривичните постапки.
Член 3

Супсидијарна примена

Доколку со овој закон поинаку не е определено, царинскиот орган кој ја води постапката за спроведување на заштита на права од интелектуална сопственост го применува Законот за општата управна постапка.
Член 4

Дефиниции

За целите на овој закон:
(1) „право на интелектуална сопственост“ е:
а) трговска марка, согласно Законот за индустриска сопственост, како и меѓународни договори кои се ратификувани во Република Македонија;
б) дизајн, согласно Законот за индустриска сопственост, како и меѓународни договори кои се ратификувани во Република Македонија;
в) авторско право или сродно право, согласно Законот за авторски и сродни права;
г) географска ознака, согласно Законот за индустриска сопственост;
д) патент, согласно Законот за индустриска сопственост;
ѓ) сертификат за дополнителна заштита на медицински производи, согласно Законот за индустриска сопственост;
е) сертификат за дополнителна заштита на производите за заштита на растенијата, согласно Законот за производи за заштита на растенијата;
ж) права за одгледување сорти на растенија, согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
з) топографии на интегралните кола, согласно Законот за заштита на топографијата на интегралните кола;
(2) „географска ознака“ е:
а) заштитена географска ознака или ознака на потекло на земјоделски и прехранбени производи, согласно Законот за квалитет на земјоделски производи;
б) ознака на потекло или географска ознака за вино, согласно Законот за виното;
в) географска ознака за ароматизирани пијалаци врз база на вино, согласно Закон за виното;
г) географска ознака, согласно меѓународните договори кои се ратификувани во
Република Македонија.

2 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(3) „фалсификувана стока“ е:
а) стока која е предмет на дејство на повреда на право на трговска марка, која без одобрение на носителот на правото носи заштитен знак идентичен со трговската марка која е валидно регистрирана за истата стока, или која не може да се разликува според суштинските обележја на таквата трговска марка;
б) стока која е предмет на дејство на повреда на право на географските ознаки која носи или која е опишана со назив или термин заштитен во смисла на географските ознаки;
в) форма на стоката или пакување, етикета, налепница, брошура, упатство, гарантен документ или друг сличен елемент, дури и ако тоа се наоѓа одделно од стоката, што е предмет на повреда на право на трговската марка или географската ознака, и која содржи знак (вклучувајќи и: лого, зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми и нивни комбинации), назив, или термин што е идентичен на валидна регистрирана трговска марка или заштитена географска ознака, или чии суштински карактеристики не може да се разликуваат од таквата географска ознака, и кои може да се користат за ист вид на стока за која е регистрирана трговската марка или географската ознака.
(4) „пиратска стока“ е стока која е предмет на дејство со кој се повредува авторско право или сродно право или правото на дизајн и која е направена или која содржи копии, кои се направени без дозвола од носителот на авторското право или сродното право или правото на дизајн или од лицето овластено од носителот на правото во земјата на производство;
(5) „стока за која постои сомневање дека повредува право од интелектуална сопственост“ е стока за која постојат оправдани причини дека истата:
а) е предмет на дејствија кои го повредуваат правото на интелектуална сопственост;
б) претставува уреди, производи или компоненти кои првенствено се наменети, направени или адаптирани со цел да се овозможи избегнување на било која технологија, уред или составни делови кои во своите вообичаени активности на работа ја спречуваат или ограничуваат работата која не е овластена од носителот на некое авторско право или сродно право, и која е поврзана со дејствие кое ги повредува правата;
в) претставува секој калап или матрица посебно дизајнирани или прилагодени за производство на стока која го повредува правото на интелектуална сопственост, доколку со употребата на таквите калапи или матрици се повредува правото на интелектуална сопственост;
(6) „носител на право“ е:
a) секое домашно или странско, правно или физичко лице кое согласно со закон е носител на право на патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потекло, географска ознака, авторско право или сродно право, или
б) секое друго домашно или странско, правно или физичко лице кое има право да користи некое од правата од интелектуална сопственост од точката (а) на овој став или застапник на носителот на правото или на лицето кое има право да користи некое од правата од интелектуална сопственост.
(7) „барање за преземање на царински дејствија“ е барање кое е доставено до надлежна организациона единица со цел царинскиот орган да преземе дејствија спрема стоката за која се сомнева дека го повредува правото од интелектуална сопственост.
(8) „подносител на барањето“ е физичко или правно лице во чие име се поднесува барањето.
(9) „сопственик на стока“ е лице сопственик на стоката, лице кое ја поседува или кое има право да располага или е овластено за физичка контрола на таквата стока за која постои сомневање за повреда на правото од интелектуална сопственост.
(10) „декларант“ е лице согласно Царинскиот закон.

3 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(11) „уништување“ е физичко уништување, рециклирање или отстранување на стоката надвор од слободен промет на таков начин за да се спречи штета на носителот на правото.
(12) „царинско подрачје на Република Македонија“ е подрачје согласно Царинскиот закон.
(13) „пуштање на стока“ е ослободување на стоката согласно Царинскиот закон. (14) „мала пратка“ е поштенска пратка или пратка испратена по брза пошта која: а) се состои од три единици или помалку или
б) има бруто тежина помала од два килограми.
За целите на точка (а) од овој став, „единица“ е стока која е класифицирана во комбинираната номенклатура во согласност со Законот за царинска тарифа, доколку стоката е неспакувана или пакетите на таквите стоки се наменети за продажба на мало на крајниот потрошувач.
За целите на оваа дефиниција, одвоените стоки опфатени со Законот за царинска тарифа се сметаат за различни единици, а стоките прикажани како множества кои се класифицираат во една тарифна ознака од Царинската тарифа, се сметаат за една единица; (15) „расиплива стока“ е стока за која царинските органи сметаат дека се оштетува со
нејзино чување до 20 дена од денот на одложување на пуштањето или задржувањето;
(16) „ексклузивна лиценца“ е лиценца (општа или ограничена), која го овластува носителот на лиценцата да ги исклучи сите други лица, вклучувајќи го и лицето кое ја дало дозволата за користење на правата од интелектуална сопственост на начин одобрен со лиценцата.
(17) „надлежна организациона единица“ е организациона единица во Царинската управа определена за примање и обработка на барањата за преземање на царински дејствија за заштита на правата од интелектуална сопственост.
ПОГЛАВЈЕ II
БАРАЊА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ЦАРИНСКИ ДЕЈСТВА ОДДЕЛ 1

Поднесување на барања за преземање царински дејствија

Член 5

Право за поднесување на барање

Барање за преземање царински дејствија за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост имаат право да поднесат следните лица и субјекти:
1) Носители на правото;
2) Физички или правни лица овластени да ги користат правата на интелектуална сопственост, или застапници кои се овластени од страна на носителот на правото да започнат постапка со цел да се утврди дали е повредено правото на интелектуална сопственост;
3) Групи на производители предвидени за географски ознаки кои ги претставуваат производителите на производи со географска ознака, односно претставниците на овие групи и стопански субјекти кои имаат право да ја користат географската ознака, како и надлежни органи или органи одговорни за таквата географска ознака согласно закон.

4 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 6

Изјава при поднесување на барања за преземање царински дејства

(1) За преземање дејствија од член 5 од овој закон, барателот е должен во барањето за преземање царински дејства да даде изјава согласно став (2) на овој член и доказ дека барателот е носител на правото за предметната стока.
(2) Со изјавата од став (1) на овој член, носителот на правото или овластеното лице презема одговорност кон лицата вклучени во еден од случаите од членот 1 став (1) на овој закон, кога постапката започната согласно со членот 19 од овој закон е прекината заради дејствие или пропуст на носителот на правото или кога е утврдено дека предметната стока не повредува право од интелектуална сопственост. Со изјавата носителот или овластеното лице, исто така, се согласува да ја подмири штетата согласно член 32 како и сите трошоци настанати согласно членот 33 од овој закон.
Член 7

Поднесување на барања за преземање на царински дејствија

(1) Царинската управа определува надлежна организациона единица за примање и обработка на барањата за преземање царински дејствија.
(2) Барањата за преземање царински дејствија се доставуваат до надлежната организациона единица. Барањата се пополнуваат и содржат информации и податоци согласно член 8 од овој закон.
(3) Доколку е поднесено барање за преземање царински дејствија по известувањето од царинските органи за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката во согласност со член 20 став (5) од овој закон, истото треба:
1) да се поднесе до надлежната организациона единица во рок од четири работни дена од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката;
2) да содржи потребна документација наведена во член 8 став (2) од овој закон.
(4) Барањата за преземање царински дејствија може да се поднесат по електронски пат со користење на техники за електронска обработка на податоци преку компјутерски систем кој го развива и одржува Царинската управа.
Член 8

Барање за преземање царински дејствија

(1) Барањето од член 5 на овој закон, мора да ги содржи сите информации и податоци кои се потребни за лесно препознавање на предметната стока од страна на царинските органи.
(2) Кон барањето се доставува потребна документација во врска со идентификацијата на стоката, како и доказ дека барателот има право да поднесе барање.
(3) Формата и содржината на барањето за преземање на царински дејствија како и потребната документација ја пропишува министерот за финансии.

5 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


ОДДЕЛ 2

Постапување во врска со поднесените барања за преземање на царински дејствија

Член 9

Обработка на нецелосни барања

(1) Ако по добивањето на барањето од член 5 од овој закон, надлежната организациона единица утврди дека барањето не ги содржи сите потребни информации, податоци и документација во согласност со член 8 став (1) и (2) од овој закон, ќе бара истите да се достават во рок од 10 работни дена од известувањето за барањето, при што периодот наведен во член 11 став (1) од овој закон, престанува да тече сè додека не се добијат потребните информации, податоци и документација.
(2) Доколку подносителот на барањето не ги достави бараните податоци, информации и документација кои недостасуваат во периодот наведен во став (1) од овој член или ако истите се нецелосни, Царинската управа со заклучок го отфрла барањето за преземање на дејствија со соодветно образложение.
(3) Против заклучокот подносителот на барањето може да поднесе посебна жалба до министерот за финансии во рок од осум дена од денот на доставувањето.
Член 10

Надоместоци

Подносителот на барањето не плаќа надомест за обработка на барањето за преземање на царински дејствија.
Член 11

Известување за прифаќање или отфрлање на барањето за преземање на царински дејствија

(1) Надлежната организациона единица го известува подносителот на барањето за прифаќањето или отфрлањето на барањето за преземање на царински дејствија од страна на Царинската управа, во рок од 30 работни дена од приемот на барањето.
(2) Во случај на отфрлање, Царинската управа со заклучок дава образложение за својата одлука и вклучува информации за постапката на жалбата.
(3) Ако подносителот на барањето бил известен за одложувањето на пуштањето или задржувањето на стоката од царинските органи пред поднесување на барањето, надлежната организациона единица го известува подносителот на барањето за прифаќање или отфрлање на барањето во рок од два работни дена од приемот на барањето.
Член 12

Прифаќање или отфрлање на барањата за преземање на царински дејствија

(1) Прифаќање или отфрлање на барањето за преземање на царински дејствија, продолжување на периодот во кој царинскиот орган треба да ги преземе дејствијата, како и секоја одлука за поништување или изменување на барањето ја донесува Царинската управа.
(2) Доколку Царинската управа не го прифати барањето од член 5 од овој закон, односно не донесе одлука за одбивање на барањето во рокот од членот 11 став (1) од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање за остварување на неговото право до писарницата на директорот на Царинската управа.

6 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(3) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.
(4) Директорот на Царинската управа е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од став (2) на овој член до писарницата на директорот на Царинската управа да донесе акт со кој барањето за преземање на царински дејствија е уважено или одбиено. Доколку директорот на Царинската управа нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Царинската управа.
(5) Кон барањето од ставот (2) на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето од членот 5 од овој закон.
(6) Доколку директорот на Царинската управа не постапи по поднесеното барање во пропишаниот рок од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
(7) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (6) на овој член да изврши инспекциски надзор во Царинската управа дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за преземените мерки.
(8) Инспекторот од Државниот управен инспекторат од ставот (7) на овој член по завршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Царинската управа во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој е одлучено по барањето.
(9) Доколку директорот на Царинската управа не одлучи во рок од ставот (8) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управна инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Царинската управа ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за превземените мерки.
(10) Доколку директорот на Царинската управа не одлучи и во дополнителниот рок од став (9) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(11) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
(12) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (11) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (7) и (8) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (9) и (10) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Царинската управа дали е спроведена постапката во согласно со законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

7 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(13) Доколку инспекторот не постапи во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(14) Во случај од став (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(15) Во случај од став (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(16) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
(17) Доколку директорот на Царинската управа не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
(18) Постапката пред Управниот суд е итна.
Член 13

Период во кој царинскиот орган треба да преземе царински дејствија

(1) Кога барањето за преземање царински дејствија е прифатено, Царинската управа го одредува периодот во кој царинскиот орган треба да преземе дејствија.
(2) Периодот од став (1) на овој член започнува согласно член 11 став (1) од овој закон, и не смее да биде подолг од една година по датумот на прифаќање на барањето.
(3) Доколку барањето за преземање царински дејствија поднесено по известувањето на царинските органи за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката согласно член 20 став (5) од овој закон, не ги содржи потребните информации, податоци и документација во согласност со член 8 став (1) и (2) од овој закон, истото може да биде прифатено доколку истите се обезбедат во рок од 10 работни дена по известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката.
(4) Кога правото на интелектуалната сопственост не е веќе во сила или ако на подносителот на барањето од други причини му престанало правото да поднесе барање, царинските органи не преземаат било какви дејствија.
Член 14

Продолжување на периодот во кој царинскиот орган презема царински дејствија

(1) Продолжување на периодот за преземање на царински дејствија се врши врз основа на поднесено барање согласно член 6, 7 и 8 став (1) и (2) од овој закон.
(2) Подносител на барање за продолжување на периодот за преземање на царински дејствија може да бидат субјектите од член 5 од овој закон.
(3) Царинската управа на барање на подносителот на барањето, може да го продолжи периодот за преземање на дејствија, доколку претходно се наплатат или обезбедат долговите кои настанале или евентуално можат да настанат кон Царинската управа.
(4) Кога барањето за продолжување на периодот за кој царинскиот орган треба да преземе дејствие е поднесено до надлежната организациона единица во рок од 30 работни дена пред истекот на крајниот рок кога може да се бара продолжување, Царинската управа може да го отфрли барањето.

8 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(5) Надлежната организациона единица го известува подносителот на барањето за продолжување на периодот за кој царинскиот орган треба да презема царински дејствија, во рок од 30 работни дена од денот на приемот на барањето наведено во став (1) од овој член. Царинската управа го одредува периодот во кој царинскиот орган треба да преземе дејствија.
(6) Продолжениот период во барањето за продолжување на периодот во кој царинскиот орган треба да преземе дејствија почнува да тече наредниот ден по истекот на претходниот период и не смее да биде подолг од една година.
(7) Ако правото на интелектуална сопственост не е веќе во сила или ако подносителот од други причини нема право да поднесе барање, царинските органи не преземаат било какви дејствија.
(8) Подносителот на барањето не плаќа надомест за обработка на барањето за продолжување на периодот за кој царинскиот орган треба да презема дејствија.
(9) Формата и содржината на барањето за продолжувањ на периодот за преземање царински дејствија ја пропишува министерот за финансии.
Член 15

Измена на прифатеното барање во однос на правата на интелектуална сопственост

(1) Царинска управа може, на барање на подносителот да ги измени правата на интелектуална сопственост опфатени во барањето.
(2) При дополнување на ново право на интелектуална сопственост во барањето се наведуваат информациите и податоците пропишани со подзаконски пропис кој го донесува министерот за финансии согласно член 8 став (3) од овој закон.
Член 16

Обврски на надлежната организациона единица во однос на известувањето

(1) Надлежната организациона единица до која е поднесено барањето, веднаш ги известува другите царински организациони единици за:
а) прифаќање на барањето;
б) повлекување на прифатеното барањето;
в) изменување на прифатеното барање;
г) продолжување на периодот во кој царинскиот орган треба да презема дејствија.
(2) Надлежната организациона единица веднаш ги известува другите организациони единици за престанок на царинските дејствија согласно член 18 од овој закон.
Член 17

Обврски на носителот на правото во однос на известувањето

Носителот на правото веднаш ја известува надлежната организациона единица во следните ситуации:
а) ако се прекине дејството на правото на интелектуалната сопственост опфатено во неговото барање;
б) ако носителот на правото од други причини веќе нема право да поднесе барање;
в) при промена на доставените информации, податоци и документи наведени во член 8
од овој закон.

9 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 18

Неисполнување на обврските на носителот на правото

(1) Ако носителот на правото ги користи информациите обезбедени од страна на царинскиот орган за цели раз лични од оние утврдени во член 24 од овој закон или истите ги злоупотреби, Царинската управа нема да постапува по прифатеното барање и ќе одбие да го продолжи периодот во кој царинскиот орган треба да преземе дејствие.
(2) Царинската управа нема да постапува по прифатеното барање за преземање царински дејствија до истекот на периодот на неговата важност, доколку носителот на правото:
а) не ги исполнува обврските за известување утврдени во член 17 од овој закон;
б) не ја исполнува обврската за враќање на мостри во согласност со член 22 став (3) од овој закон;
в) не ги исполнува обврските во врска со трошоците утврдени во член 33 од овој закон;
г) без оправдана причина, не поведува постапки согласно член 26 став (5) или член 29
став (9) од овој закон.
ПОГЛАВЈЕ III ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИОТ ОРГАН ОДДЕЛ 1

Одложување на пуштањето или задржување на стока за која постои сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост

Член 19

Одложување на пуштањето или задржување на стока по прифаќање на барањето

(1) Доколку царинскиот орган идентификува стока за која постои сомневање за повреда на правата од интелектуална сопственост опфатена со прифатено барање за преземање царински дејствија, го одложува пуштањето на стоката или ја задржува истата.
(2) Пред одложување на пуштањето или задржување на стоката, царинскиот орган може да побара од носителот на правото да ги обезбеди сите релевантни информации во однос на стоката.
(3) Царинскиот орган може да му обезбеди информации на носителот на правото за стварната или претпоставената количина, видот на стоката, како и фотографии од стоката. (4) Царинскиот орган го известува декларантот или лицето кое ја поседува стоката за одложување на пуштањето на стоката или задржување на стоката во рок од еден работен
ден од одложувањето или задржувањето.
(5) Ако царинскиот орган одлучи да го извести лицето која ја поседува стоката, и кога две или повеќе лица се сметаат за лица кои ја поседуваат стоката, царинскиот орган не е обврзан да извести повеќе од едно од тие лица.
(6) Царинскиот орган го известува носителот на правото за одложувањето на пуштањето на стоката или задржувањето на стоката, веднаш по известувањето на декларантот или лицето која ја поседува стоката.
(7) Царинскиот орган го известува носителот на правото, декларантот или лицето кое ја поседува стоката за стварната количина, видот како и расположливи фотографии од стоката.

10 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(8) Известувањата од ставовите (4), (5) и (6) од овој член вклучуваат информации за постапката утврдена во член 26 од овој закон.
(9) Царинскиот орган на барање и доколку има на располагање такви информации, го известува носителот на правото за личните имиња и адресите на живеење на испраќачите и примачите/назив и седиште на испраќачот или примач, декларантот или лицето кое ја поседува стоката, за царинската постапка, потекло и дестинација на стоката чие пуштање е одложено или која е задржана.
Член 20

Одложување на пуштањето или задржување на стоката пред прифаќање на барањето (по службена должност – “ex officio”)

(1) Доколку царинскиот орган идентификува стока за која постои сомневање дека повредува право од интелектуална сопственост, која не е опфатенa со прифатено барање за преземање царински дејствија, може освен во случај на расиплива стока, да го одложи пуштањето на стоката или истата да ја задржи.
(2) Пред одложување на пуштањето или задржување на стоката за која постои сомневање дека повредува право од интелектуална сопственост, царинскиот орган може, без откривање на било какви информации, освен за стварната или претпоставената количина и видот на стоката, како и фотографии од стоката, да побара од било кое физичко или правно лице кое може да поднесе барање за преземање на царински дејствија, да ги обезбеди сите релевантни податоци за евентуалната повреда на правата од интелектуалната сопственост.
(3) Царинскиот орган го известува декларантот или лицето кое ја поседува стоката за одложување на пуштањето на стоката или за задржување на стоката во рок од еден работен ден од одложувањето или задржувањето.
(4) Ако царинскиот орган одлучи да го извести лицето кое ја поседува стоката и кога две или повеќе лица се сметаат за лица кои ја поседуваат стоката, царинскиот орган не е обврзан да извести повеќе од едно од тие лица.
(5) Царинскиот орган ги известува физичките или правните лица кои имаат право да поднесат барање за преземање на царински дејствија за евентуалната повреда на правата од интелектуалната сопственост, за одложување на пуштањето на стоката или нејзиното задржување веднаш по известувањето на декларантот или лицето кое ја поседува стоката.
(6) Царинскиот орган може да се консултира со надлежните органи за идентификација на физичките или правните лица кои имаат право да поднесат барање за преземање царински дејствија.
(7) Известувањата од ставовите (3), (4) и (5) од овој член вклучуваат информации за постапката утврдена во член 26 од овој закон.
(8) Царинскиот орган го одобрува пуштањето на стоката или го прекинува задржувањето по исполнувањето на сите царински формалности во следните случаи:
а) доколку не идентификувал било кое физичко или правно лице кое има право да поднесе барање за преземање на царински дејствија за евентуална повреда на правата од интелектуална сопственост во рок од еден работен ден од одложувањето на пуштањето или задржувањето на стоката;
б) кога не е поднесено барање во согласност со член 7 став (3) од овој закон или ако поднесеното барање е отфрлено.
(9) Доколку барањето е прифатено, царинскиот орган на барање и доколку има на располагање такви информации, го известува носителот на правото за личните имиња и адресите на живеење на испраќачите и примачите/назив и седиште на испраќачот и примачот, декларантот или лицето која ја поседува стоката за царинската постапка, потеклото и дестинацијата на стоката чие пуштање е одложено или која е задржана.

11 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 21

Анализа на ризик при вршење на царинска контрола

За стоката која подлежи на царински надзор или царинска контрола, без да е во спротивност со членовите 19 и 20 од овој закон, царинските органи спроведуваат соодветна царинска контрола и преземаат соодветни мерки за идентификација на истата, како што е предвидено во Царинскиот закон во согласност со критериумите за анализа на ризик, заради спречување на активности кои претставуваат повреда на правата на интелектуална сопственост како и соработка со други земји во областа на спроведување заштита на правата од интелектуална сопственост.
Член 22

Испитување и земање мостри на стока чие пуштање е одложено или којашто е задржана

(1) Царинскиот орган му дава можност на носителот на правото и декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката да ја прегледаат стоката чие пуштање е одложено или која што е задржана.
(2) На барање на носителот на правото царинскиот орган може да земе или обезбеди мостри репрезентативни на стоката, заради испраќање до носителот на правото, строго за целите на анализа и за забрзување на натамошната постапка во однос на фалсификувани и пиратски стоки. Сите анализи на овие мостри се вршат со единствена одговорност на носителот на правото.
(3) Носителот на правото, освен ако околностите тоа не го дозволуваат, ги враќа мострите наведени во став (2) од овој член на царинските органи по завршувањето на анализата, а најдоцна пред пуштањето на стоката или пред крајот на нејзиното задржување.
Член 23

Услови за складирање

(1) Чувањето на стоката за време на одложување на пуштањето или задржување се спроведува на начин кој е во согласност со одредбите од царинските прописи кои го регулираат привременото чување на стока.
(2) Трошоците за чување и одржување на стоката ги сноси подносителот на барањето за преземање на царински дејствија.
Член 24

Дозволена употреба на одредени информации на носителот на правото

Кога носителот на правото ги добива информациите наведени во член 19 ставови (7) и (9), член 20 став (9), член 22 или член 29 став (8) од овој закон, може да ги користи тие информации само за следните цели:
а) за поведување постапка за да се утврди дали имало повреда на правата од интелектуална сопственост и за спроведување на таквите постапки;
б) во врска со кривичните истраги поврзани со повреда на правата од интелектуална сопственост и спроведени од страна на надлежни органи во Република Македонија каде што е откриена стоката;

12 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


в) за покренување и спроведувањето на кривична постапка;
г) за барање на надомест од сторителите на повреди или други лица;
д) за преговарање со декларантот или сопственикот на стоката заради уништување на стоките во согласност со член 26 од овој закон;
ѓ) за преговарање со декларантот или сопственикот на стоката за износот на гаранцијата наведена во член 27, став (2) точка (а) од овој закон.
Член 25

Меѓународна размена на информации и податоци со други царински органи за откривање на стоки кои повредуваат право од интелектуална сопственост

(1) Царинската управа може да разменува одредени расположливи податоци и информации со надлежните органи на други земји без да е во спротивност со прописите за заштита на личните податоци, заради спречување на меѓународната трговија со стока која повредува право од интелектуална сопственост.
(2) Податоците и информациите наведени во став (1) од овој член се разменуваат за да се овозможи брзо и ефикасно дејство на царинскиот орган за откривање на стока која повредува право од интелектуална сопственост. Тие податоци и информации може да се однесуваат на информации за запленета стока, показатели и општи информации за анализа на ризик, вклучително и стоки во транзит низ територијата на Република Македонија. Податоците и информациите може да го вклучуваат следното:
1) видот и количината на стоката;
2) сомневање за повреда на правата на интелектуална сопственост;
3) потекло, место на производство и дестинација на стоката;
4) информации за движењето на превозните средства, а особено:
(а) назив на пловилото или регистарски број на превозното средство;
(б) референтните броеви на товарниот лист или друг документ за транспорт; (в) број на контејнер;
(г) тежина на товарот;
(д) опис и/или код на стоката; (ѓ) број на резервација;
(е) број на пломба;
(ж) место на прво товарање;
(з) место на последно истоварање; (ѕ) места на претовар;
(и) очекуван датум на пристигнување на местото на крајното истоварање.
5) информации за движењето на контејнери, а особено: (а) број на контејнер;
(б) статус на обемот на контејнерот; (в) датум на движење;
(г) начин на транспорт (товарен, истоварен, преоптоварен, влез, напуштање, итн.); (д) назив на пловилото или регистарски број на превозното средство;
(ѓ) бројот на патувањето/пратката; (е) место;
(ж) товарен лист или друг документ за транспорт.

13 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


ОДДЕЛ 2

Уништување на стоката, поведување постапка, предвремено ослободување и бесплатно отстапување на стоката

Член 26

Уништување на стоката и поведување постапка

(1) Носителот на правото во рок од десет работни дена од приемот на известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката согласно членот 19 став (6) и членот 20 став (9) од овој закон, е должен да го извести царинскиот орган дали со стоката е повредено право од интелектуална сопственост.
(2) Стоката за која постои сомневање дека повредува право од интелектуална сопственост може да се уништи под царински надзор, без да се утврди дали правото на интелектуална сопственост било повредено согласно законот, ако се исполнети следните услови:
(а) носителот на правото им потврдил на царинските органи во писмена форма дека е повредено правото на интелектуална сопственост, во рок од 10 работни дена, или три работни дена во случај на лесно расиплива стока, сметано од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката;
(б) носителот на правото му потврдил на царинскиот орган во писмена форма дека се согласува за уништување на стоката во рок од 10 работни дена, или три работни дена во случај на лесно расиплива стока сметано од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката; и
(в) декларантот, сопственикот или лицето која ја поседува стоката потврдил во писмена форма на царинскиот орган дека се согласува за уништување на стоката, во рок од 10 работни дена, или три работни дена во случај на лесно расиплива стока сметано од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката. Ако во тој рок, декларантот или сопственикот на стоката не ја потврдил својата согласност за уништување на стоката, ниту гo известил царинскиот орган за неговиот приговор против уништување на стоката, царинскиот орган може да смета дека декларантот или сопственикот на стоката ја потврдил својата согласност за уништување на стоката.
(3) Уништувањето на стоката се врши под царински надзор и под одговорност на носителот на правото. Царинскиот орган може да земе мостри пред уништувањето на стоката, кои може да се користат за образовни цели.
(4) Царинскиот орган го одобрува пуштањето на стоката или го прекинува нејзиното задржување веднаш по завршувањето на сите царински формалности, доколку во роковите утврдени во став (2) точките (а) и (б) од овој член, не добие писмена потврда од носителот на правото дека е повредено правото на интелектуална сопственост, ниту пак негова согласност за уништување, освен ако царинскиот орган бил уредно известен за поведување постапка пред надлежен суд или друг орган за да се утврди дали е повредено правото на интелектуална сопственост.
(5) Ако декларантот, сопственикот или лицето што ја поседува стоката, потврдил во писмена форма на царинскиот орган кој ја задржал стоката, дека не се согласува за уништување на истата согласно роковите од став (2), точка (в) од овој член, царинските органи веднаш го известуваат носителот на правото. Носителот на правото во рок од 10 работни дена или три работни дена во случај на лесно расиплива стока сметано од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката, започнува постапка за утврдување пред надлежен суд дали е повредено правото на интелектуална сопственост.

14 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(6) Освен во случај на лесно расиплива стока, царинските органи може да го продолжат рокот од став (5) на овој член, најмногу за 10 работни дена врз основа на барање од носителот на правото во соодветни случаи.
(7) Царинскиот орган го одобрува пуштањето на стоката или го прекинува задржувањето веднаш по завршувањето на сите царински формалности, ако во роковите од ставовите (5) и (6) на овој член не е уредно известен, во согласност со став (5) на овој член, за започнувањето на постапката за да се утврди дали е повредено правото на интелектуална сопственост.
(8) Царинскиот орган го одобрува пуштањето на стоката или го прекинува задржувањето кога носителот на правото ќе го извести дека предметната стока не повредува право од интелектуална сопственост или кога за истата не постои регистрирано право од интелектуална сопственост, под услов да се завршат сите царински формалности.
Член 27

Предвремено ослободување на стока

(1) Кога царинските органи биле известени за поведување постапка пред надлежен суд за да се утврди дали се нарушени дизајнот, патентот, корисниот модел, топографијата на интегралните кола и растителни сорти, декларантот или сопственикот на стоката може да побара од царинските органи да ја пушти стоката или да го прекине задржувањето и пред завршувањето на тие постапки.
(2) Царинските органи ја пуштаат стоката или го прекинуваат задржувањето само ако се исполнети следните услови:
а) декларантот или сопственикот на стоката обезбеди гаранција за износот кој е доволно голем за да се заштитат интересите на носителот на правото;
б) надлежниот суд нема донесено одлука заради повреда на правото на интелектуална сопственост;
в) сите царински формалности се завршени.
(3) Обезбедувањето на гаранции наведени во став (2) точка а) од овој член не влијае на другите средства за правна заштита кои му се на располагање на носителот на правото.
Член 28

Стоки за уништување

(1) Стоката за која е утврдено дека повредува право од интелектуална сопственост се уништува во согласност со член 26 или 29 на овој закон и не може да биде:
а) пуштена во слободен промет, освен ако царинските органи со согласност на носителот на правото, одлучат дека е потребно стоките да се отстранат или рециклираат надвор од слободен промет, вклучувајќи и цели поврзани со подигнување на свеста, обука и едукација.
б) изнесена од царинската територија на Република Македонија;
в) извезена;
г) повторно извезена;
д) ставена во одложувачка постапка;
ѓ) внесена во слободна зона или слободен склад.
(2) Царинскиот орган може да дозволи движење на стоката од став (1) од овој член под царински надзор, помеѓу различни места во рамките на царинската територија на Република Македонија со цел нивно уништување под царинска контрола.

15 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 29

Постапка за уништување на мали пратки

(1) Постапката за уништување на мали пратки се спроведува доколку се исполнети следните услови:
а) постои сомневање дека се работи за фалсификувана или пиратска стока;
б) стоката не е расиплива;
в) стоката е опфатена со прифатеното барање за преземање царински дејствија;
г) подносителот на барањето бара примена на постапката за уништување на мала пратка;
д) стоката се превезува како мала пратка.
(2) При примена на постапката за уништување на мали пратки не се применуваат одредбите од членот 19 ставовите (3), (4), (5), (6), (7), (8), и став (9) и членот 22 став (2) и став (3) од овој закон.
(3) Царинскиот орган го известуваа декларантот или лицето кое ја поседува стоката за одложување на пуштањето на стоката или за нејзино задржување во рок од еден работен ден од денот на одложувањето на пуштањето или задржувањето на стоката. Известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката ги содржи следните информации:
а) царинските органи имаат намера да ја уништат стоката;
б) правата на декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката според ставовите (4), (5) и (6) од овој член.
(4) Декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката има можност да го искаже своето мислење во рок од 10 работни дена од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката.
(5) Предметната стока може да биде уништена ако во рок од 10 работни дена од известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката, декларантот, сопственикот или лицето која ја поседува стоката го известил царинскиот орган за неговата согласност за уништување на стоката.
(6) Ако декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката не ја потврдил својата согласност за уништување на стоката, ниту ги информирал царинските органи за своето противење на уништување во рокот од став (5) на овој член, царинскиот орган може да смета дека декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката ја потврдил својата согласност за уништување на стоката.
(7) Уништувањето се врши под царински надзор. Царинскиот орган на барање на носителот на правото и доколку е потребно, му обезбедува информации за вистинската или проценетата вредност на уништената стока и нејзината природа.
(8) Ако декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката потврдил во писмена форма на царинскиот орган кој ја задржал стоката дека не се согласува за уништување на истата согласно став (6) од овој член, царинските органи веднаш го известуваат носителот на правото, како и за количината на стоката и нивната природа, вклучувајќи и фотографии, доколку е потребно. Царинскиот орган на барање и доколку има на располагање такви информации, го известува носителот на правото за имињата и адресите на примачите, испраќачите и декларантот или сопственикот на стоката, за царинската постапка, потекло и дестинација на стоката чие пуштање е одложено или којашто е задржана.
(9) Царинскиот орган го одобрува пуштањето на стоката или го прекинува задржувањето веднаш по завршувањето на сите царински формалности доколку од носителот на правото не добил известување дека е започната постапка пред надлежен суд или друг орган за да се утврди дали правото на интелектуална сопственост е повредено, во рок од 10 работни дена од известувањето од став (8) на овој член.

16 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 30

Бесплатно отстапување на одземени стоки кои повредуваат право од интелектуална сопственост

(1) По исклучок на членот 26 од овој закон, Владата на Република Македонија може да донесе одлука стоката за која е утврдено дека повредува право од интелектуална сопственост, бесплатно да се отстапи на државен орган, во случаи на ублажување на последиците од елементарни непогоди, како и за помош на приматели на социјална помош и на семејствата чиј вкупен месечен приход не надминува 1,5 минимална плата, утврдена за минатата година.
(2) Стоката од ставот (1) на овој член се текстилни производи и обувки што се распоредуваат во главите 61, 62 и 64 на царинската номенклатура од Законот за царинската тарифа.
(3) Одлуката од ставот (1) на овој член Владата на Република Македонија ја донесува врз основа на предлог на Царинската управа, доколку се исполнети условите од членот
247 став (1) точка (в) од Царинскиот закон и има потврда од надлежен орган дека предметната стока не е во спротивност со прописите за безбедност на производите.
(4) Државниот орган од ставот (1) на овој член е должен, пред преземањето на стоката, да ги покрие сите трошоци во врска со складирање на задржаната стока, како и трошоците за отстранување под царински надзор на обележјата на трговската марка, чие право е утврдено дека е повредено.
(5) Царинскиот орган во соработка со државниот орган од ставот (1) на овој член и носителот на правото писмено потврдуваат дека се отстранети сите обележја на стоките и предметите чие право е докажано дека е повредено, пред стоката да биде предадена.
(6) Државниот орган од ставот (1) на овој член е должен, во рок од 15 дена од распределбата на стоката од овој член да достави извештај до Владата на Република Македонија.
(7) Носителот на правото од интелектуална сопственост не подлежи на обврска за определување на примателите на стоката што е предмет на бесплатно отстапување.
(8) Начинот на распределбата на стоките од страна на државниот орган од ставот (1) на овој член, како и образецот на извештај од ставот (6) на овој член, на предлог на министерот за финансии, го пропишува Владата на Република Македонија.
ПОГЛАВЈЕ IV ОДГОВОРНОСТ И ТРОШОЦИ Член 31

Одговорност на царинскиот орган

(1) Прифаќањето на барањето не му дава право на надомест на штета на носителот на правото, во случај кога не е откриена стока која повредува права од интелектуална сопственост од страна на царинскиот орган и била пуштена во слободен промет или истата не е задржана.
(2) Спроведувањето на надлежностите и преземените дејствија од страна на царинскиот орган, во согласност со овој закон, не предизвикуваат одговорност на царинскиот орган за надомест на штета предизвикана на лицата вклучени во случаите од членот 1 став (1) на овој закон или лицата од членот 20 на овој закон.

17 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


Член 32

Одговорност на носителот на правото

(1) Доколку постапката која е започната во согласност со овој закон е прекината поради дејствија или пропусти на носителот на правото, и кога се земаат мостри во согласност со член 22 став (2) од овој закон и не се враќаат или се оштетени и неупотребливи поради било кое дејствие или пропуст на носителот на правото, или доколку подоцна се утврди дека предметната стока не ги повредува правата на интелектуална сопственост, носителот на правото е одговорен спрема декларантот, сопственикот или лицето кое ја поседува стоката за претрпената штета, согласно закон.
(2) Доколку носителот на правото не постапува согласно со членот 26 став (2) од овој закон, царинските органи нема да постапуваат по прифатеното барање за преземање на царински дејствија. Во овој случај носителот на правото го губи правото да поднесе ново барање за преземање на царински дејствија за истото право од интелектуална сопственост, во рок од една година.
Член 33

Трошоци

(1) Носителот на правото ги надоместува трошоците настанати од царинските органи од моментот на задржувањето или одложување на пуштањето на стоките, вклучувајќи складирање на стоките и активности поврзани со нив, согласно член 19 став (1), член 20 став (1) и член 22 став (2) и став (3) од овој закон, како и трошоци за уништување на стоките во согласност со членовите 26 и 29 од овој закон.
(2) Носителот на правото кој е информиран за одложување на пуштањето или задржувањето на стоките, на негово барање, добива информации од царинскиот орган за тоа каде и како тие стоки се чуваат и за проценетите трошоци за складирање од став (1) на овој член. Информациите за проценетите трошоци може да се изразат во однос на времето, производот, количината, тежината или услугата, во зависност од околностите на складирање и природата на стоката.
(3) Носителот на правото може да бара надомест од сторителите на повреди или од друго лице во согласност со закон.
ПОГЛАВЈЕ V
РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО ВРСКА СО БАРАЊАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ЦАРИНСКИ ДЕЈСТВИЈА
Член 34

Размена на информации и податоци во врска со барањата

(1) Надлежната организациона единица во Царинската управа без одлагање ги информира другите организациони единици за:
а) барања за преземање царински дејствија, вклучувајќи ги прилозите;
б) барања за продолжување на периодот во кој царинските органи преземаат дејствија или негова измена, вклучувајќи ги прилозите;
в) престанок за постапување на царинскиот орган по прифаќање на барањето.
(2) При одложување на пуштањето или задржувањето на стоките, царинските органи ги евидентираат сите релевантни информации и податоци, вклучувајќи ги и информациите за количината и видот на стоката, вредноста, правата на интелектуална сопственост, царинските постапки, земјите на потекло, земја на извоз и дестинација, како и транспортни рути и средства.

18 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


(3) Царинската управа за размена на информации од став (1) и (2) на овој член воспоставува централна база на податоци.
(4) Царинската управа се грижи за обезбедување и одржување на технички и организациски услови, за сигурно и безбедно функционирање на централната база на податоци, согласно прописите за заштита на личните податоци.
Член 35

Централна база на податоци

(1) Размената на информациите и податоците од член 34 ставови (1) и (2) од овој закон, и сите измени на податоците во прифатените барања во врска со член 16 од овој закон помеѓу царинските органи се врши преку централната база на податоци на Царинската управа, и истите се чуваат во оваа база на податоци.
(2) Заради обработка на информациите и податоците, централната база на податоци од член 34 став (3) од овој закон, се води во електронска форма. Централната база на податоци содржи информации, вклучувајќи информации и податоци од член 8 став (3), член 16 и член 34 од овој закон.
(3) Царинските органи имаат право на пристап до информациите содржани во централната база на податоци, заради исполнување на нивните законски обврски при спроведување на овој закон.
(4) Надлежната организациона единица евидентира информации и податоци поврзани со барањата за преземање царински дејствија во централната база на податоци, и доколку е потребно истите ги менува, дополнува, исправа или брише. Надлежната организациона единица е одговорна за точноста, соодветноста и релевантноста на информациите.
Член 36

Одредби за заштита на податоци

(1) Обработката на личните податоци во централната база на податоци на Царинската управа се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
(2) Личните податоци се собираат и се користат единствено за целите на овој закон. Собраните лични податоци треба да бидат точни и редовно да се ажурираат.
(3) Царинската управа претставува контролор во однос на обработката на личните податоци содржани во централната база на податоци согласно прописите за заштита на лични податоци.
(4) Лицето на кое се однесуваат личните податоци има право на пристап до своите податоци кои се обработуваат во централната база на податоци и доколку е потребно, има право на исправка, бришење или блокирање на личните податоци во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
(5) Сите барања за остварување на правото на пристап, исправка, бришење или блокирање на личните податоци се поднесуваат до надлежната организациона единица на Царинската управа која ги обработува истите.
(6) Личните податоци не се чуваат повеќе од шест месеци од датумот на укинувањето на одлуката за прифаќањето на барањето за преземање царински дејствија или од датумот на истекување на соодветниот период во кој Царинската управа треба да преземе дејствија.
(7) Кога носителот на правото има започнато постапка согласно член 26 став (5) или член 29 став (9) од овој закон, и ги има информирано царинските органи за започнување на таквата постапка, личните податоци се чуваат шест месеци по конечното завршување на постапката за утврдување дали е повредено правото на интелектуална сопственост, освен ако со друг закон поинаку не е определено за случаите каде е утврдено дека се работи за повреда на правото од интелектуална сопственост.

19 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


ПОГЛАВЈЕ VI ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 37
(1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, а глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако постапува спротивно на членот 17 од овој закон, така што прекршочниот орган веднаш ќе ја извести надлежната организациона единица на Царинската управа.
(2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе се изрече за дејствија од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 38
(1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, а глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако постапува спротивно на членот 24 од овој закон, така што добиените податоци од царинскиот орган во смисла на член 19 став (7) и (9), член 20 став (9), член 22 или член 29 став (8) од овој закон, ги употреби надвор од постапка и целите за утврдување на повреда на право од интелектуална сопственост.
(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе се изрече за дејствијата од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 39
(1) Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, а глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако внесе или изнесе или се обиде да внесе или изнесе во и од царинското подрачје на Република Македонија, стока која повредува право на иста трговска марка која ја имала и стоката што од него веќе еднаш била одземена во спроведена постапка согласно членовите 26 и 29 од овој закон, или таквата стока ја стави или се обиде да ја стави во царинска постапка со економски ефект, или ја внесе или изнесе во слободна зона или слободен склад.
(2) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за дејствијата од ставот (1) на овој член и одговорното лице во правното лице.
Член 40
Согласно со Законот за прекршоците водењето на прекршочна постапка и изрекување на прекршочна санкција за сторен прекршок од членовите 37, 38 и 39 на овој закон, е во исклучива надлежност на прекршочниот орган утврден со Законот за Царинска управа.
Член 41
(1) По утврдување на сторен прекршок од овој закон царинскиот службеник на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глоба или платен налог во износ од 200 евра во денарска противвредност за правно лице, односно во износ 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, кога вредноста на стоките кои се предмет на прекршокот не надминува 500 евра во денарска противвредност.
(2) Ако сторителот не ја плати доброволно глобата од ставот (1) на овој член, царинскиот орган ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до царинскиот прекршочен орган.

20 од 21

Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година


ПОГЛАВЈЕ VII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 42

Подзаконски пропис

Подзаконските прописи утврдени со овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 60
дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 43

Преодни одредби

(1) Започнатите постапки кои се однесуваат на поднесени барања за преземање царински дејствија и поднесени барања за продолжувањето на периодот за преземање царински дејствија до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе се завршат согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост („Службен весник на Република Македонија" број 38/05, 107/07, 135/11 и 69/13).
(2) По прифатените барањата за преземање на царински дејствија согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост (,,Службен весник на Република Македонија" број 38/05, 107/07, 135/11 и 69/13) до денот на влегувањето во сила на овој закон, Царинската управа ќе постапува на начин и во рок утврден во прифатеното барање.
Член 44

Завршни одредби

(1) Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост („Службен весник на Република Македонија" број 38/05, 107/07, 135/11 и 69/13).
(2) Со денот на пристапувањето на Република Македонија кон Европската унија, престануваат да важат одредбите на овој закон.
Член 45

Влегување во сила

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во ,,Службениот весник на Република Македонија”.

21 од 21