عن الملكية الفكرية التدريب في مجال الملكية الفكرية إذكاء الاحترام للملكية الفكرية التوعية بالملكية الفكرية الملكية الفكرية لفائدة… الملكية الفكرية و… الملكية الفكرية في… معلومات البراءات والتكنولوجيا معلومات العلامات التجارية معلومات التصاميم الصناعية معلومات المؤشرات الجغرافية معلومات الأصناف النباتية (الأوبوف) القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية مراجع الملكية الفكرية تقارير الملكية الفكرية حماية البراءات حماية العلامات التجارية حماية التصاميم الصناعية حماية المؤشرات الجغرافية حماية الأصناف النباتية (الأوبوف) تسوية المنازعات المتعلقة بالملكية الفكرية حلول الأعمال التجارية لمكاتب الملكية الفكرية دفع ثمن خدمات الملكية الفكرية هيئات صنع القرار والتفاوض التعاون التنموي دعم الابتكار الشراكات بين القطاعين العام والخاص أدوات وخدمات الذكاء الاصطناعي المنظمة العمل مع الويبو المساءلة البراءات العلامات التجارية التصاميم الصناعية المؤشرات الجغرافية حق المؤلف الأسرار التجارية أكاديمية الويبو الندوات وحلقات العمل إنفاذ الملكية الفكرية WIPO ALERT إذكاء الوعي اليوم العالمي للملكية الفكرية مجلة الويبو دراسات حالة وقصص ناجحة في مجال الملكية الفكرية أخبار الملكية الفكرية جوائز الويبو الأعمال الجامعات الشعوب الأصلية الأجهزة القضائية الموارد الوراثية والمعارف التقليدية وأشكال التعبير الثقافي التقليدي الاقتصاد المساواة بين الجنسين الصحة العالمية تغير المناخ سياسة المنافسة أهداف التنمية المستدامة التكنولوجيات الحدودية التطبيقات المحمولة الرياضة السياحة ركن البراءات تحليلات البراءات التصنيف الدولي للبراءات أَردي – البحث لأغراض الابتكار أَردي – البحث لأغراض الابتكار قاعدة البيانات العالمية للعلامات مرصد مدريد قاعدة بيانات المادة 6(ثالثاً) تصنيف نيس تصنيف فيينا قاعدة البيانات العالمية للتصاميم نشرة التصاميم الدولية قاعدة بيانات Hague Express تصنيف لوكارنو قاعدة بيانات Lisbon Express قاعدة البيانات العالمية للعلامات الخاصة بالمؤشرات الجغرافية قاعدة بيانات الأصناف النباتية (PLUTO) قاعدة بيانات الأجناس والأنواع (GENIE) المعاهدات التي تديرها الويبو ويبو لكس - القوانين والمعاهدات والأحكام القضائية المتعلقة بالملكية الفكرية معايير الويبو إحصاءات الملكية الفكرية ويبو بورل (المصطلحات) منشورات الويبو البيانات القطرية الخاصة بالملكية الفكرية مركز الويبو للمعارف الاتجاهات التكنولوجية للويبو مؤشر الابتكار العالمي التقرير العالمي للملكية الفكرية معاهدة التعاون بشأن البراءات – نظام البراءات الدولي ePCT بودابست – نظام الإيداع الدولي للكائنات الدقيقة مدريد – النظام الدولي للعلامات التجارية eMadrid الحماية بموجب المادة 6(ثالثاً) (الشعارات الشرفية، الأعلام، شعارات الدول) لاهاي – النظام الدولي للتصاميم eHague لشبونة – النظام الدولي لتسميات المنشأ والمؤشرات الجغرافية eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange الوساطة التحكيم قرارات الخبراء المنازعات المتعلقة بأسماء الحقول نظام النفاذ المركزي إلى نتائج البحث والفحص (CASE) خدمة النفاذ الرقمي (DAS) WIPO Pay الحساب الجاري لدى الويبو جمعيات الويبو اللجان الدائمة الجدول الزمني للاجتماعات WIPO Webcast وثائق الويبو الرسمية أجندة التنمية المساعدة التقنية مؤسسات التدريب في مجال الملكية الفكرية الدعم المتعلق بكوفيد-19 الاستراتيجيات الوطنية للملكية الفكرية المساعدة في مجالي السياسة والتشريع محور التعاون مراكز دعم التكنولوجيا والابتكار نقل التكنولوجيا برنامج مساعدة المخترعين WIPO GREEN WIPO's PAT-INFORMED اتحاد الكتب الميسّرة اتحاد الويبو للمبدعين WIPO Translate أداة تحويل الكلام إلى نص مساعد التصنيف الدول الأعضاء المراقبون المدير العام الأنشطة بحسب كل وحدة المكاتب الخارجية المناصب الشاغرة المشتريات النتائج والميزانية التقارير المالية الرقابة
Arabic English Spanish French Russian Chinese
القوانين المعاهدات الأحكام التصفح بحسب كل ولاية قضائية

مقدونيا الشمالية

MK049

رجوع

Закон за дополнување на законот за индустриската сопственост од 26 август 2015 година

Закон за изменување и дополнување на законот за индустрискаta сопственост Службен весник на Република Македонија” број 152/2015)

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

ЗА ИНДУСТРИСКАTA СОПСТВЕНОСТ

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.152 од 03.09.2015 година

Член 1

Во Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република
Македонија” број 21/2009, 24/11, 12/14 и 41/14), во членот 321 став (1)
воведната реченица се менува и гласи:
“Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност надлежниот суд ќе му на правното лице, односно на трговецот поединец, за прекршок, доколку:“
Ставот (2) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице,
односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот (1)
на овој член.“
Ставот (3) се менува и гласи:
„Покрај глобата од ставот (1) на овој член, на правното лице, односно на трговецот поединец му се изрекува санкција забрана за вршење дејност од една
до три години.“
Ставот (4) се менува и гласи:
„Покрај глобата од ставот (2) на овој член, на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, му се изрекува санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење до една година.“
Ставот (5) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 600 до 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
на физичкото лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.“ Ставот (6) се менува и гласи:
„Покрај глобата од ставот (5) на овој член, на физичкото лице му се изрекува санкција забрана за вршење професија или дејност во траење до една година.“
Ставот (7) се менува и гласи:
„За прекршоците од членот 318 од овој закон и ставот (1) на овој член, на правното лице, одговорното лице во правното лице, одговорното лице во трговец
поединец и на физичко лице ќе им се изрече посебна санкција за одземање предмети.“

Член 2

Во членот 322 став (1) воведната реченица се менува и гласи :
“Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице, односно на трговецот поединец за прекршок, доколку:“
Ставот (2) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице,
односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот (1)
на овој член.“
Ставот (3) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
на физичко лице за прекршоците од ставот (1) на овој член.“

Член 3

По членот 322 се додаваат три нови члена 322-а , 322-б и 322-в, кои гласат:

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

“Член 322-а

(1) За прекршоците утврдени во членовите 321 и 322 од овој закон, на правното лице, односно на трговецот поединец, државниот пазарен инспектор пред
поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе
постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог.
(2) Кога државниот пазарен инспектор ќе констатира прекршок од ставот (1) на овој член составува записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластеното службено лице и сторителот. Доколку сторителот го признае прекршокот службеното лице ќе му издаде прекршочен платен налог заради наплата на глобата за прекршокот.
(3) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекршокот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во платниот налог.
(4) Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот (3) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во
правната поука.
(5) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од ставот (3) на овој член, државниот пазарен инспектор поднесува барање за поведување
прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоците од членот 321 од овој
закон, односно поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред
Прекршочната комисија формирана согласно со Законот за државен пазарен инспекторат, за прекршоците од членот 322 од овој закон.
(6) Државните пазарни инспектори се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки.
(7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат
следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.
(8) Личните податоци од ставот (7) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
(9) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за економија.

Член 322-б

(1) За прекршоците утврдени во членот 322 од овој закон, на физичкото лице, државниот пазарен инспектор ќе му издаде мандатен платен налог, за плаќање
на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на мандатниот платен
налог да ја плати глобата во определениот износ.
(2) Ако физичкот лице доброволно не ја плати глобата во рокот од ставот (1) на овој член, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и државниот
пазарен инспектор ќе го достави до органот надлежен за присилно извршување, за негово извршување.
(3) Државните пазарни инспектори се должни да водат евиденција за издадените мандатни платни налози и за исходот на покренатите постапки.
(4) Во евиденцијата од ставот (3) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат
следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.
(5) Личните податоци од ставот (4) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
(6) Формата и содржината на мандатниот платен налог ја пропишува министерот
за економија.

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 322-в

Одмерувањето на висината на глобите на правното лице, односно на трговецот поединец, се врши согласно со Законот за прекршоците.“

Член 4

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 5

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република
Македонија да утврди пречистен текст на Законот за индустриската сопственост.

Член 6

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија“.

3